11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градина во градинка – едукативна иницијатива на ЈОУДГ „Наша иднина“

Дали тиквичката расте на дрво?! Каде растат доматите, краставичките, компирот? Како се одгледува свеж зеленчук од сопствената градина? Кога на зеленчукот му е потребна вода?

Дали се што расте во градината може да се јаде? За жал децата се помалку ги знаат одговорите на овие прашања, зашто во градските средини, тие ретко имаат допир со природата.
Токму тоа е причината што Јавната општинска установа детски градинки „Наша иднина“ од годинава започна со иницијатива, за која велат дека е единствена во Македонија.


– Тримесечните активности во врска со ботаничката градина се веќе видливи на дело. Ги собираме првите плодови од тиквички, од доматчиња, од граставици, сето е во функција на подобра едукација и воспитно образовниот процес на децата во градинката Бончејца, кои помагаат од самиот старт, па се до прибирањето на плодовите. Производите ќе ги користиме за консумација на децата. Но, не само едукативниот, ќе биде опфатен и хуманиот аспект од овој проект, бидејќи вишокот од плодови од ботаничката градина ќе го донираме во Старскиот дом, бидејќи децата треба да се научат да подаруваат, да донираат, вели Орце Тодоровски ВД директор на ЈОУДГ „Наша иднина“.

Ботаничката градина е на површина од 150 м2, и во неа има сезонски зеленчук: пиперки, гравче, кромид, домати, па дури и бостан. Овој пилот проект е многу добро прифатен од децата, додава Тодоровски, што е поттик во иднина да се применува и во другите 11 вкупно работни единици на ЈОУДГ „Наша иднина“ во Општина Прилеп.
Инаку, подготвителниот период во работната единица Бончејца опфати реновирање на три санитарни јазли, кои ќе бидат подновени со комплетно нова инсталација.

Освен тоа, објектот е молерисан, но не се заборавени и потребите за забава на децата: за подобрување на нивниот психофизичкио развој набавен е монтажен базен, каде тие учат да пливаат и да играат со песок и вода.
Пред почетокот на учебната година, во ЈОУДГ „Наша иднина“ пополнети се сите расположливи места во прилепските градинки.

Запишани се вкупно 1 300 деца, но долга е листата на чекање е со вкупно 400 деца, потенцираше Тодоровски. Потребата од дополнителни места во градинките „Наша иднина“, ќе се задоволува со ставање во функција на некогашниот објект – градинка од Тутунски Комбинат, како и изградба на нова градинка со капацитет од 250 деца, која ќе се гради со обезбедување на средства преку Светската банка.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) – КОИ СТРУКИ И ПРОФИЛИ ГИ НУДИ СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“- ОТВОРЕН ДЕН ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

Пела Редакција

Време е да се размислува: “Каде да се запишам? Кое средно училиште да го одберам?„ – СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објави конкурс за упис во учебната 2024/2025

Пела Редакција

ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп се закити со 5 награди за само една недела

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе