По фантастичната ноќ на евергрини и неверојатната вечер во ритамот на 80–те, Јавен Простор – Прилеп, пред градскиот Саат, в недела, на 19 –ти август ќе ја понуди третата Градска забава – латино вечер. Латино забавата ќе ја води латино–мајсторот DJ DEJAN_PETE, конгите на Дуко, како и Kangoo Club Dandelion Dance – Prilep, а MetaComputers ќе го претворат Саатот во егзотична јавна дискотека.
Од Јавен простор порачуваат „Спремајте ги ламбада сукничињата, шарените кошули и штиклите.„
Но, оваа забава има и хуманитарна цел. И, оваа вечер, како и на забавата на The Hounds сите посетители можат да донираат и да учествуваат во хуманитарната акција која ја организра Јавен простор – се со цел да им помогне на Центарот за деца со посебни потреби, за набавка на клима уред.
„На роденденскиот концерт на The Hounds беа собрани 7. 854 денари и 1 американски долар“- информираа од Јавен простор. А, на Латино вечерта се надеваат дека повеќе посетители ќе ја искажат својата хуманост.
Утре, пак, сабота, ново изненадување од јаен простор.Следи 4 –тиот Креативен Пазар, кој Јавен простор ,овој пат ќе го организира заедно со Младинскиот Информативен Центар и ИНФО СЕГА ,кои ќе организираат летна креативна работилница за деца, каде можат да учетуваат сите креативни деца.
Инаку, Целта на креативниот пазар,кој се организира по четврти пат е запознавање и претставување на луѓето што творат/произведуваат кративни предмети во локалната заедница, поддршка на локалната економија,к ако и размена на идеи, искуства и производи.