10 C
Прилеп
среда, 26 март, 2025
Пела Радио

Детектиран нов обид на кражба на вода

ЈКП „Водовод и канализација“ ја продолжува битката со нелегалните приклучоци и кражбите на вода.

     Кражба на вода, овој пат,е откриена кај угостителскиот објект „Даблин“ 2017 ДПТУ увоз – извоз ДООЕЛ, на ул.„Кузман Јосифоски – Питу“ бр.33. Не легалниот приклучок во овој објект, теренската службаод ЈКП „В и К“- Прилеп го детектирале на 16.-ти август, по што ЈКП „Водовод и канализација“ ведаш поднесло пријава до Полициската станица  – Прилеп.

Според првичните проценки на стручните лица на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, овој правен субјект не овластено искористил 1.000 м2 вода, со што го оштетил буџетот на претпријатието за околу 54.000 денари.

Неодамна, ЈКП „Водовод и канализација“  детектира кражба на вода кај ДТУ „Маркови кули трејд“, по што следеше кривична пријава за кражба на вода.

?????????????

Од ЈКП „Водовод и канализација“ потенцираа дека интензивно ќе продолжи со борбата против дивите приклучоци и кражбите на вода во Општина Прилеп. А, со цел спречување на кражби на вода во тек е и тендерската постапка за набавка на софистицирана опрема за детекција на губитоци и кражби на вода, „со што во огромна мера ќе се зголеми ефикасноста во работењето на  стручни служби„ – велат од ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп

Би можело да ве интересира

Улица на Тоше каде 24 часа ќе се слушаат неговите песни

Елизабета Филипоска

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Духовниот водач Никодим Царњас казнет со 45.000 евра од Грција

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе