Победа се избори за пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, по триумфот над Струга со резултат 2:1. Натпреварот беше одложен за денеска, а останатите мечеви се одиграа пред една недела.
„Црвено белите“ до победата против силната екипа на Струга Трим Лум стигнаа со по еден погодок во двете полувремиња. Водство за гостинска екипата донесе Јорданчо Наумоски од белата точка после фаулот над Антонио Каланоски во казнетиот простор.
Стружани намалија на стартот од вториот дел, погодокот беше дело на Валентин Кочоски во 47. минута.
Решавачкиот момент се случи во 75. мин. кога триумф на прилепчани донесе американскиот интернационалец Киријан Нвабуезе.
На тој начин во осминафиналето Победа им се приклучи на Академија Пандев, Беласица, Брегалница, Гостивар, Кит-Го, Кораби, Македонија ЃП, Пелистер, Работнички, Силекс, Скопје, Тиквеш и Вардар.
Останува да се одигра уште еден меч, оној помеѓу Кожуф и Шкендија закажан за 5 септември, а потоа ќе биде одржана ждрепката за следната фаза од националниот Куп.
претходна вест