5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Изгоре плевна со 600 бали тутун во с . Норово, крушевско. Материјалната штета проценeта на 15.000 евра

Изгоре плевна со 600 бали тутун во с . Норово, крушевско . Покрај тутунот во пожарот изгореле и седум кутии тутун, 25 вреќи жито, 200 бали сено и слама, а делумно биле зафатени со пожар трактор „ИМТ 542“, патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто„.

Извештајот од  МВР, вели дека плевната била во сопственост на С.Ј.(63), а пожарот е пријавен вчера попладне. Во гаснењето на поѓарот учествувале Територијалната противпожарна единица – Крушево и Територијалната противпожарна единица – Кривогаштани.

Околу 17,25 ч беше пријавен пожар на плевна во с.Норово. Екпата од Територијалната противпожарната единица – Крушево веднаш излезе на терен со две протипожарни возила и едно  возило од Територијалната противпожарна единица – Кривогаштани .

Причината за пожарот се уште не е утврдена. Инаку, два часа екипите го каснеа пожарот. Добор е што немаше човечки жртви и што пожарот навреме беше локализиран, па не беа зафатени останатите објекти. Сопствениците  на плевната се здобија со мали опекотини, настанати при  обидот да го изгаснат пожарот, да спасат нешто што може да се спаси од плевната.  Но, пожарот беше големи и тие не успеаале да спасат ништо  – изјави, Шуле Ангелески,  коминдирот на територијалната противпожарната единица – Крушево за Радио Пела кој апелираше во оваа време кога тутунот и сеното се собираат да се внимава на нивното складирање и да не се палат стрништата

 

Пожарот во с.Небрегово беше изгаснат во 19,оо ч. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. Им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево. Полицијата  работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Би можело да ве интересира

Водици 2020 , редослед на водосвет во Прилеп и во населените места

Гордана Цветаноска

Пендаровски на централен митинг во Прилеп

Пела Редакција

Дигитализацијата и странските јазици, го потиснуваат мајчиниот јазик

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе