Општина Могила и Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола организираа Јавна дискусија во Општина Могила на тема: „Перспективите на младите од руралната среднина за Европа“. На дискусијата говорници беа градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска, претседателот на здружението за европска интеграција Европска гледна точка од Битола, Дејан Петровски, високиот менаџер за организација на настани и кампањи на ЕУ Инфо Центар од Скопје, Јана Петровска, како и Вон. Проф. д-р Младен Караџоски од Правен факултет – Битола.
-Младите во руралните средини се соочуват со бројни проблеми. Поради тоа треба да се посвети големо внимание на оваа категорија на граѓани, заеднички да се решаваат проблемите, затоа што всушност младите претставуваат нашата иднина и се важни за нашето општество. Секогаш што е најдобро за младите знаат само младите. Младиот човек е двигател на руралните средини и двигате на целата држава, рече Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.
Претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Мартин Николовски, истакна дека е потребно поголемо вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки.
– Како здружение во кое најголем број на членови се млади, постојано укаживаме на властите дека потребна е поголема вклученост на младите како во политиките на локално, така и во политиките на централно ниво што се спроведуваат, и верувам дека овој однос помеѓу власта и младите ќе биде подобрен во иднина – рече Николовски.
Од локалната самоуправа на Општина Могила истакнаа дека ваквата пракса за организација на јавни дискусии со граѓаните ќе стане пракса за во иднина, со што јавното мислење ќе биде испочитувани при донесувањето на одлуки од страна на општината.