1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Нега на кожата во есен

Уредува Јасмина Трајкоска, фармацевт

И посакавме добредојде на есента,а со раскошот од бои ни доаѓа и посвежиот воздух.Со малку труд и посветеност и во текот на есента ќе ја одрижиме кожата мека и здрава,а косата сјајна и полна со живот.Еве неколку корисни совети кои ќе ни помогнат како правилно да се грижиме за кожата и косата во текот на есента.

Покрај грижата со козметички препарати,од исто а можеби и од поголемо значење е внатрешното потхранување на кожата.Што се подразбира под внатрешно потхранување – внес на доволна (и поголема)количина на вода ( најдобро вода на собна температура ),избегнување на внес на големи количини на кофеин (кофеинот има диуретично дејство со што предизвукува дополнително дехидрирање на организмот),а наместо кофеинските напитоци најдобро би било да земеме топол чај од камилица,нане,мајчина душица,липа,ѓумбир …

Да не го забораивме и овошјето,неизбежно и задолжително и во овој период од годината,а прошетките на свеж воздух се нешто коешто треба да ни станат дел од нашето секојдневие,да се оттргнеме барем на миг од секојдневните обврски и да уживаме во шаренилото на есента.

Кожата има потреба од секојдневно хидрирање – употреба на масла,креми или лосиони богати со бадемово/кокосово масло,витамини А и Д,пантенол и невен.

Не излегувајте на ладен воздух со мокри раце,тоа доведува до сушење и пукање на кожата.После секој контакт со вода,најдобро е прво добро да се исушат рацете,па да се намачкаат со хранлив крем.

Избегнувајте затоплување на рацете и нозете со премногу жешка вода.

Се разбира доколку имате можност уживајте и во ароматерапија ,користејќи ги благодетите на големиот број на етерични масла кои ќе Ве релаксираат,ќе Ви ја зголемат енергијата,а со самото тоа ќе Ви го подобрат и расположението.

Следејќи ги овие совети кои сигурно повеќето од нас секојдневно и ги практикуваме,ќе уживаме и во есенски денови со здрава,мека кожа и полни со позитвна енергија.

Би можело да ве интересира

Пролет! Време за депилации !Совети за безболна депилација – 075 – 35 10 15 – Kозметичко студио M Be.You.Beauty

Елизабета Филипоска

Бојан Велевски стартува од Прилеп со својата голема стенд aп турнеја – “Све ли ја да мислам ?” (ФОТО)

Никола Димески

Фолк фестивалот “Прилеп фест“ со звучни музички имиња ќе се одржи на 1 ви ноември по деветти пат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе