1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

ДИК: 36,56% излезност во дијаспората, а 64,69% во казнено поправните установи

За референдумот, своето гласачко право денеска го остварија 1.558 затвореници кои претходно се пријавиле.
Освен затворениците, денеска гласаа и болните, но и дијаспората. Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, од Канада и од Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).
Од Државната изборна комисија, информираат дека гласачките места во казнено поправните установи се отворени навреме и дека не бил регистриран никаков проблем.Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи (КПУ) низ земјава, вкупно 13, се затворени и до 17 часот излезноста е 64,69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас. Според информациите од општинските изборни комисии, во своите домови гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859, но ова гласање се уште трае додека сите што се пријавиле, не добијат можност да гласаат.
До овој момент, ДИК добила три приговори за заштита на личното избирачко право, но сите се одбиени.
Пресекот од гласањата и излезноста до 19 часот ДИК ќе ги објави во текот на утрешниот ден.
За утрешното гласање, ДИК има издадено акредитации на 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи, 194 преведувачи и 83 странски новинари. Право на глас на утрешниот референдум имаат 1.806.833 гласачи регистрирани во Избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Расчистен и попесочен коловозот на превојот Плетвар

Гордана Цветаноска

Критично на потегот на превојот Плетвар, во селото Ракле пожарот стигнал до црквата, состојба со пожарите до 8 часот

Гордана Цветаноска

За една седмица починале 14 лица, а 189 се нови случаи на Ковид 19

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе