Прилепскот фудбалски талент кој веќе станува и постојан првотимец во ФК Победа , Марио Наумоски повторно повикан во репрезентацијата У-19. Младите фудбалери овој пат во пријателските тест- контролни мечеви ќе се сретнат со репрезентацииите на Полска и Англија
Планот на селкторот Станковски е од 8-ми до 17-ти Октомври генерацијата фудбалери на Македонија У-19 да oдигра два пријателски меѓународни натпревари со репрезентаците на Полска, во Краков на 11-ти и со репрезентацијата У-19 на Англија, на 16-ти Октомври во Бирмингем.
Селекторот на нашиот национален тим Горан Станковски и овој пат му ја даде довербата на прилепското фудбалско талентирано момче од ФК Победа, Марио Наумоски, за кого побара Победа да го ослободи од клупските обврски до 18-ти Октомври.Тој е и единствениот повикан играч во репрезентацијата У-19 од прилепска Победа.
Селекторот на Македонија до 19 години, за двата контролни натпревари ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Бојан Тимевски (Саса Каменица), Стефан Јакимовски (Њу Старс)
Одбрана: Зоран Ивановски (Академија Пандев), Адријан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Филип Антовски (Вардар), Џејми Перчевски (Фортуна Дизелдорф, Геманија), Стефан Симоновски (Генц Калемлер), Стефан Наумчески(Вардар), Ангел Страторски (Горица, Словенија)
Среден ред: Анес Османоски (Унтерахинг, Германија), Томче Гроздановски (Тренчин, Словачка), Али Адем(Вардар), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Алекс Талески (Вардар)
Напад: Јакуп Бериша (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Енсар Љума (Шкендија), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија)