По деветти пат во Прилеп се одвива манифестацијата „Денови на медот“, која има за цел да ја нагласи употребата на медот како здрава храна. Пред прилепчани своите пчелни производи ги изложуваат 20-ина медари од земјава. Пчеларите велат дека и годинава производството е намалено под просекот, што се должи на климатските промени.
– Во Прилеп има околу 200 пчелари, од кои половината членуваат во здружението „Братство“. Оваа беше тешка година за пчеларите и за производството на мед кое се намали за 80-ина отсто поради неповолните временски прилики и дождовите, Дејан Бошкоски, претседател на Пчеларското здружение Братство.
Каква е важноста од редовната употреба на медот во исраната?
-Податоците зборуваат дека конзумирањето на мед во Македонија е далеку под нивото на западноевропските земји. Недоволната информираност на граѓаните за неговата важност во исхраната, доведува до многу мала потрошувачка. Пчелните производи многу значат за здравјето и животот на човекот. Медот и другите пчелни производи би требало да бидат составен дел во секојдневната исхрана, затоа што со ништо не можат да се заменат“, нагласи Бошкоски.
Годинава цената на медот достигна 400 денари за еден килограм. И покрај навремените субвенции од државата, потребна е поголема поддршка.
– Ние како пчелари ги задоволуваме критериумите, но временските неприлики и климатските промени драстично го намалија медопроизводството. Затоа е потребна помош од државата во вид на субвенции, или каква било друга помош за да излеземе од кризата.. Досега примаме субвенции од пчелно семејство по 600 денари. навреме добиваме, а сега има проекти кои треба да се промовираат, вели пчеларот Марјан Петроски.
Македонија е на дното во Европа според ниската конзумација на медот.
Годишно потрошувачката во земјава е околу 200 грама мед по глава на жител, а во западноевропските земји е од седум до 10 килограми по жител годишно.
Традиционалната манифестација „Денови на медот“, годинешното издание е по деветти пат како во центарот на Прилеп постителите се запознаваат со новините од пчеларството, и со богатата понуда од пчелини производи. Фестивалот посветен на медот и пчелините производи започна на 10, а завршува в сабота на 13 октомври.
следна вест