7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалник Јованоски: Долгот на Општина Прилеп е нула денари!

„Општина Прилеп го врати долгот кон добавувачите и доверителите во висина од 104 милиони денари, така што сега, општината нема долгови кон никого“, со оваа информација ја започна средбата со новинарите градоначалникот Илија Јованоски, во присуство на првите луѓе на јавните претпријатија, а на која направи резиме за реализација на целокупната програма и сите активности на Општина Прилеп, во неговото едногодишно работење. Задолжувањата од претходната власт не биле пречка за реализација на преземените иницијативи.

-Наследив долг од неполни 3 милиони евра. На примопредавањето ексградоначалникот Марјан Ристески не го потпиша записникот што го изготвија неговите претходни соработници, само од нему познати причини. Околу 60 милиони денари се долг кон Светска банка за изградба на влезниот булевар во Прилеп. А,околу 38 милиони денари се ризик од судски извршни решенија кон поранешни доверители. Кон доверителите Општина Прилеп беше задолжена околу 100 милиони денари. Наследивме два грешни и штетни проекти: училиштето во населбата „Сточен пазар“ и Градски стадион, рече градоначалникот Илија Јованоски, на денешната прес конференција посветена на отчетноста во првата година од работењето на новата локална власт.

Што е сработено изминатава година?
Општината ги ажурира деталните урбанистички планови, а спроведена е постапка за изработка на 30 ДУП-ови за населени места и делови од градот.

– Ја пуштивме во употреба детската градинка „Рампо Левката“,каде се згрижени 100-ина дечиња. Во тек е постапката за новата градинка што ќе се наоѓа во Тутунски Комбинат А.Д. Прилеп. Сега се работи тендерот за овој проект, што ќе биде реализиран за неколку месеци. Овде ќе бидат згрижени уште 100-ина дечиња. За другите, не повеќе од 300 дечиња ќе изградиме нова детска градинка во населбата „Точила“, која што ќе биде изградена до крајот на мојот мандат.
Изградивме Дневен центар за детска парализа. Овде се згрижени 25-30 дечиња. Комплетно се уредени детските игралишта во населбите: „Точила“, во типската населба и во „Варош“, а ќе се уредуваат игралиштата во населба „Димо Наредникот“ и населба „Рид“.

Во населбата „Три багреми“, зајакнато е електро-напојувањето, тампониран е патот, подобрено е водоснабдувањето, а обезбеден е и јавен бесплатен превоз за учениците од оваа населба. До крајот на оваа градежна сезона, и овој пат ќе биде асфалтиран.

Исчистен е каналот на Дабничка река на потегот од касарните до вливот во Градска река во должина од 700 метри. Се чисти коритото и на Градска река од населбата „Сточен пазар“ кон населба „Димо Наредникот“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Инфраструктурно, извршени се интервенции на повеќе локации во општината, со поставување на асфалт, што како активност ќе се интензивира, така што следната година, како што потенцираше Јованоски Прилеп ќе нема улица без асфалт.
Се инвестира и во подобрување на условите во образованието, при што во сите училишта во градот се вложени 20 милиони денари.

Кои се тековните и планираните активности?
Во постапка е тендерската документација за гасификација за изградба на секундарна мрежа во Прилеп. Изработена е Програма за енергетска ефикасност за периодот од 2018-2020 година. Завршен е и тендерот за набавка на 4 нови автобуси на метан, кои што ќе бидат во функција во текот на следната година.

Во тек е набавка на противпожарно теренско возило преку Центарот за развој на Пелагонискиот-плански регион во висина од 100.000 евра.

Во тек е изработка на проектна документација,а објавен е и конкурс за изработка на идеен проект за нов театар во Прилеп во урбан блок 3.13. Оддвоени се општински пари во висина од 3 милиони денари за основен проект за новиот театар во Прилеп.

Објавен е јавен оглас за идеен проект за уредување на речното корито над Градска река од населбата „Ѓогдере“ до населба „Сточен пазар“. Битно е дека во следните 2 години ќе биде изградено речното корито на Градска река.

Во тек е промена на ДУП во населба „Точила“ и за нова детска градинка и за изградба на нов спортско-рекреативен центар што ќе се гради во нејзина близина. Оваа е алтернатива за ветениот проект за реконструкција на салата „Македонија“ во спортско-рекреативен центар. Финиширана е постапката за преземање за користење на имотот, но сепак во тек е се уште проверката на евентуални концесионери.Бидејќи од овој момент не знаеме дали би имало проблеми со реализацијата на проектот во овој објект, како алтернатива го подготуваме и проектот во населба „Точила“. Што значи ветеното ќе оствари, спортско-рекреативен центар ќе има во градот или во сала „Македонија“ или во населбата „Точила“.

Во тек се постапки за враќање на имотот даден на користење на незаконски начин. Новата локална власт аплицираше на нови проекти и тоа:

Проектот „Маркови Кули“- заштита и делување, како природно наследство со 100.000 долари од УНДП; потоа проект „Вештачко езеро“ – нови авантури-нови можности“, вреден околу милион евра. Во тек се проекти во рамки на локалната социјална политика, за згрижување на бездомници, проект од социјална мобилност за помош на стари лица и проектот за општокорисна работа.

Општина Прилеп изминатава година ја реализираше целата културна програма. сите фестивали.

Би можело да ве интересира

Авто Контрол со знак на внимание за жените учеснички во сообраќајот (ФОТО-ВИДЕО))

Пела Редакција

Прилеп: Нови 8 позитивни и прва жртва од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Наставниците поделени, министерот смирува, родителите во дилема!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе