5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Во аптеката на ВИВАФАРМ 2005 промоција на француската козметика Уриаж

Во аптеките ВИВАФАРМ 2005 како дел од редовните промоции денеска беше презентацијата на една многу позната козметичка линија. Промоцијата поддржана со стручни совети и подароци за козметичката линија Уриаж се одржа во аптеката на ВИВАФАРМ 2005 во Прилеп.
Козметичката линија Уриаж последниве 10 години е застапена во сите поголеми аптеки во Македонија, меѓу кои и двете аптеки на ВИВАФАРМ 2005 во Прилеп и Кривогаштани, а препорачана е од многу дерматолози.
Воедно, треба да се напомене дека оваа козметика е наменета за сите возрасти.
– Термалната вода е главната состојка која ги содржи најважните поволности на Уриаж. Станува збор за аплска термална вода која содржи високо количество на минерали и соли при што делува против слободните радикали и против иритации на кожата, и ја овозможува потребната влажност на кожата зголемувајќи ја отпорноста на кожата.
Оваа медицинска козметика вклучува нега за сува и многу сува кожа и кожа подложна на атопочен дерматитит, нега за масна и комбинирана кожа, односно кожа подложна на акни, нега за чувствителна кожа, како и за кожа подложна на црвенило, секојдневна нега, нега против стареење и интимна нега. Но, Уриаж вклучува и дермопедијатриска нега за намладите, вели
Александра Илинова од Европа лек фарма која беше презентер на денешната промоција во аптеката на ВИВАФАРМ 2005 во Прилеп.
Ваквите директни информативни средби со потрошувачите имаат за цел новитетите во козметиката да се доближат до сите, но и да се слушнат специфичните барања за поедини потреби.
Инаку, медицинските препарати од француската козметичка линија Уриаж имаат пристапни и пониски цени во споредба со останатата козметичка понуда.
Во двете аптеки на ВИВАФАРМ 2005 и во Прилеп и во Кривогаштани редовно се застапени производите на Уриаж и целокупната понуда од оваа светски позната француска козметичка линија чија главна состојка е термална вода богата со минерали и соли потребни за правилна и нега на кожата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп ќе продефилираат 50 гајдаџии – 50 години од Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Во Прилеп денеска нема новозаболени од Ковид 19

Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 27 та седница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе