По повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп ,денеска комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, ги соопшти добитниците:
Наградата за животно дело, Златан плакета , оваа година им припадна на дуетот, Кавсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, за достигнувања во промоција на македонската музика во светот.
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија одлучи плакети годинава да добијат: “Ротари клуб” – Прилеп, за придонес во заедницата со изразено хуманитарна активност, “ Ромска солза” – Прилеп, за посебен придонес кон опшстеното интегрирање на ромската заедница и другите маргинализирани групи, Центарот за современа ликовна уметност, за шестдецениското уметничко творештво и промоција на Прилеп, Џудо клуб “Сеишин” за достигнувања од областа на спортот и ПСЗ “Козјак”,за осумдеценискиот придонес во планинарството и планинарските спортови.
Комисијата донесе одлуки и за доделување на Награди-Дипломи на: Рубинчо Белчески, за опшествен ангажман во областа на историјата, Владо Ѓоргиески, за достигнување во областа на медицината, Димитрија Чучуроски, за негување на занаетчиството и традицијата, Сузана Николоска, за достигнување во областа на образованието, Драгомир Михајлоски-Пижа, за богатото творештво во ликовната уметност, Теодора Ристеска, за достигнувањата во џудо спортот, Снежана Паноска за достигнувањата во областа на литературата и пишаниот збор и на Валентина Пурдеска, за достигнувањата во каратето. Оваа година изостана наградата во областа на медиумите и медиумските работници,бидјеќи немало предлози.
Годинава до комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија пристигнал само еден предлог за животно дело, а 36 предлози за плакети и признанија, од кои се одбрани пет награди – плакети и осум награди-дипломи.
Наградите и дипломите на наградените ќе им бидат врачени ,в сабота, на Денот на одбележувањето на 3-ти Ноември, Ден на ослободување на град Прилеп, на Свечена Седница на Советот на град Прилеп, која ќе се одржи во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“