12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Мицкоски: Дополнителни средства за општините од државниот Буџет ќе обезбеди идната Влада на ВМРО ДПМНЕ (АУДИО)

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета во Прилеп најави финансиска поткрепа за општините од идната Влада со реалокација на средства од државниот буџет.

„Сакам да најавам една работа која што е многу значајна и која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има како прв приоритет, а тоа е реалокација, инвестирање од страна на централниот буџет во општините во Македонија не помалку од 250 милиони евра на годишно ниво. И овдека во Прилеп се планирани за проекти кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира во вредност од 8 до 8 и половина милиони евра на годишно ниво, што би значело помеѓу 32 и 35 милиони евра за еден мандат, тоа се капитални инвестиции кои што надвор од буџетот на општината дирекнто државата ќе ги инвестира за подобар живот, за подобри услови за живот на прилепчани и на сите оние кои што се дел од општина Прилеп.

Мицкоски порача дека доаѓа вистинска влада, земјоделска влада, која што ќе се грижи за земјоделците, наместо актуелната, која што, како што рече тој ја тресат скандали за корупција и кражби.

-Зборуваме само за луѓе кои што многу крадат. Доаѓа вистинска влада која што ќе се грижи за земјоделците, земјоделска влада онаа влада на ВМРО-ДПМНЕ која што навистина суштински ќе ги помага и навистина суштински ќе се грижи за земјоделците,

Последното што можев да го видам како податок е дека околу 4 милијарди денари, некаде околу 65 милиони евра им се должат на земјоделците по основ за останати субвенции, за периодот 2019-2022 година, значи некаде отприлика 4 милијарди денари или 65 милиони евра. Од друга страна ја видиовме цената откупна која што ја објавија мелничарите, таа треба да е некаде околу 8, 9 денари ако не се лажам, а производната цена е 19 денари, значи загубата од самиот старт е 11 денари и сега за што зборуваме?, запраша тој.

На новинарско прашање околу финиширање на изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско ја повтори констатацијата во врска со работењето на актуелната Влада:

„33 километри ги градат 7 години, требаше овој јули да се пушти, еве го јули дојде абер нема од патот, а тоа е така затоа што не можат да се договорат со провизиите кој колку да земе, кој колку да подели овие кланови за кој што зборував на почетокот од моето интервју,“ рече тој додавајќи дека доаѓа крајот на таквото владеење.

– Доаѓа крајот за овие луѓе кои 6 години ја пустошат, понижуваат, пљачкаат Македонија. А после крајот доаѓа и соочување со реалноста и со многу криминал кој што го имаат направено. Дел ќе бегаат претпоставувам, бидејќи  имам такви информации дека се пакуваат. Има еден пример, тука и во Прилеп за еден многу значаен лик овдека во Прилеп кој што дивее во градот 6 години со возен парк од неколку стотици илјади евра кој што се подготвуваат за бегање. Да нема бегање ќе ги најдеме. Каде и да бегаат еве јас ви ветувам дека ќе ги најдеме и за уши ќе ги донесеме тука и ќе ги вратат парите што ги краделе од народот.

 

Би можело да ве интересира

Мудар народ, но во генот мирен и послушен

Елизабета Филипоска

Инфлацијата ги „исуши“ откупните цени на тутунот, ќе има ли анекси на договорите? (ВИДЕО)

Koнeчно договор, парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе