13.6 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Репрезентативците на отворен турнир во забрзан шах

Во рамки на одбележувањето на 3 –ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, Шаховскиот клуб „Прилеп“ организира Меѓународен отворен турнир во забрзан шах. Турнирот ќе се одржи во Студентски дом „Орде Чопела ,со почеток во 10,оо ч.,а во  него ќе земат учество близу 150 учесници од повеќе држави, меѓу кои, сите македонски репрезентативци, во машка и женска конкуренција

Турнирот се вбројува во календарот на Шаховската федерација на Македонија и се бодува на Светската рејтинг листа на ФИДЕ .Покровител на турнирот е локалната самоуправа од Прилеп.

Инаку, Шаховскиот клуб  „Прилеп“ се натпреварува во Првата лига во организација на Шаховската Федерација на Р.Македонија. Во претходните години клубот имаше забележителни резултати и тоа освојување на трети, четврти и петти места во Македонската прва лига.

Би можело да ве интересира

Крадци нападнале полициски службеник кој ги пријавил

ОЈО Прилеп: Притвор за силувачот на малолетничка

Гордана Цветаноска

Заеднички првомајски проглас – И СО МАСКИ ЌЕ БИДЕМЕ ГЛАСНИ !

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе