7.9 C
Прилеп
среда, 12 март, 2025
Пела Радио

(ФОТО)Витаминка се преставува во Бугарија, на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка од денеска се претставува на саемот Интерфуд & Дринк, кој од 7 до 10 ноември по 17 пат се одржува во Софија. Овој меѓународен саем е најголема саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и истовремено е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа па како таков нуди одлични можности за преставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности. На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

Витаминка со своите производи е веќе присутна и позната на бугарскиот пазар, а Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет.

Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на Интерфуд & Дринк не само што ќе ја зацврсти својата позиција на бугарскиот пазар, туку ќе создаде простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.

 

Би можело да ве интересира

На стартот на откупот на тутунот заменик министерот Ристески во посета на Тут-Ком

Пела Редакција

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Пела Редакција

Ковачевски од Прилеп: Успешно се справуваме со инфлацијата и ценовните притисоци, ги зголемивме субвенциите за производство на стратешки култури…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе