Во пелагониското ракометно дерби , РК Пелистер го победи РК Прилеп со 35-23 во рамкит ена од 8.коло во македонската Супер лига. Пелистерци доминираа во дуелот со Прилеп,а разликата меѓу двата тима беше евидентна уште по првиот дел, кога на семафорот во салата “Борко Чурлевски“ ,стоеше 16-10 за домаќинот.
Кај прилепчани со најмногу постигнати голови беше Давор Шокоски, 8 голови, а кај домаќините Милан Поповиќ со седум гола.
Мометнално екипата на РК Прилеп 2010 има една победа, едно реми и шест порази и се наоѓа во долниот дел од табелата,на 8-мото место ,а Пелистер се четвртопласирани во лигата со шест победи и два порази.