Со почетокот на вакцинацијата за сезонскиот грип ,на 5-ти номври, за само една недела, комерцијалните вакцини се потрошија во Центрите за Јавно здравје во Македонија.
“Дополнителните количини веќе од денеска(понеделник) се набавени, и продолжи вакцинацијата во Центарот за јавно здравје – Прилеп“- информира директорот на ЦЈЗ – Прилеп, Драгица Николоска.
Годинава, Центарот за јавно здравје – Прилеп набави 2.800 дози вакцини против сезонски грип, во кои се вкалкулирани и бесплатни вакцини за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија, кои за прва пат оваа година ги обезбеди Министерството за здравство на Р.Македонија.
„Оваа година за Прилеп набавени се 800 комерцијални вакцини, кои чинат 650 денари, а сега ЦЈЗ-Прилеп набави уште 400 дополнителни дози, така што секој оној кој сака да се зашити од грипот, без разлика на возраста , имунизацијата е во тек ,а вакцини против сезонски грип, има! Да напоменам, вакцинацијата против сезонскиот грип не е задолжителна, но препроачлива за хронично болни и возрасни пациенти,иако нејзе можат да ја примат и деца. Станува збор за четиривалентна вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца. Што се однесува до бесплатните вакцини кои ги додели Министерството за здравство, до крајот на овој месец ,тие веќе се резервирани со „Мој термин“. Очекуваме иминузацијата да заврши до средината на идниот месец! -истакна директорот на ЦЈЗ- Прилеп, Драгица Николоска.