3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

– Ајде да зборуваме за … психологија! –

Психолозите од Прилеп и невладината Јавен Простор Прилеп се приклучуваат кон националната иницијатива “Денови на психологијата 2018”, чија цел е подобрување и афирмирање на менталното здравје на граѓаните. Иницијативата е покрената од Психолошката комора на Република Македонија.

-Срдечно ве покануваме на релаксирано дружење во текот на целата недела со психолошките советувалишта од нашиот град, кое ќе заврши со заедничка, се надеваме инспиративна средба во нашето омилено Чоше кафе, во четврток, од 18 до 20 часот во Прилеп.На кафе–средбата заинтересираните ќе можат да се придружат на масата на избран психолог и да разговараат на тема кои самите ќе ја иницираат.
Со присутните психолози можете да се запознаете на нивните фб–профили или со земање на учество во една од планираните работилници, се вели во повикот на организаторите.

Заинтересираните можат да испраќаат свои теми и прашања на следнава електронската пошта: [email protected]

Радио Пела е дел од мрежата на медиуми кои ја поддржуваат оваа национална иницијатива и во својата програма редовно ќе информира за текот на активностите.
Стартот на соработката беше означен со разговор во студито со психолозите Марија Ангелеска и Мони Кузмановска кој може да го проследите во целост на следниот линк:

https://www.facebook.com/radiopela/videos/261468511182784/

Ова се планираните настани и неформални едукативни средби:

20.11.2018: Вторник
Тема: Ајде да зборуваме За…. Партнерски односи!

Работилница е наменета за лица кои се во партнерска релација и сакаат повеќе да дознаат како да се справуваат предизвиците во партнерските релации и како истите може да се надминат на конструктивен начин.
Преку учеството во оваа работилница ќе имате можност да ги дознаете функционалните односи во една партнерска релација, коишто ќе водат кон взаемно разбирање, почитување, толеранција, разбирање на разликите, стекнување на доверба, регулирање на заедничкото живеење итн. Истото ќе биде остварено низ процес на вежби и интерактивна соработка со членовите од групата.
Ќе дискутираме на теми:
Што е пар?
Зошто живееме во парови?
Суштината на односите во парот?
Задачи кои што призлегуваат од партнерскиот однос, која е разликата помеѓу надворешни и внатрешни фактори?
Што го прави односот пофункционален и поквалитетен однос?

Модератор: Мони Кузмановска, Кристина Павлоски, Маја Тромпеска.

Време: 20.11.2018 од 17 до 20 часот
Место: Луна Тринити –Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување, Прилеп, ул. Борис Кидриќ (во воената зграда, позади 13–катница, влез 2, стан 22).
Учеството е бесплатно и има отворен карактер.
Контакт: 075 240 548 – Мони Кузмановска

Тема 2: Разрешување на конфликти во работна средина.
Преку интерактини работилници, психоедукација и техники на справување со стрес и разрешување на конфликти во работна средина
Модератори: Елена Мирческа, Ана Стојческа
Време: 20.11.2018 од 14 до 15 часот
Место: ДОО „Комфи Ангел“ Прилеп
Контакт: 075/932-179 – Елена Мирческа
За вработените на фабриката; затворен тип.

21.11.2018: Среда
Тема: Реформулирање на дисфункционалните уверувања, ставови и претпоставки.

Со цел да се увидат дисфункционалните верувања, коишто си ги носиме од самото раѓање и постојано ни претставуваат пречка во личниот развој, особено при тригер– ситуации, несвесно ги повторуваме истите шеми на мисловни процеси, однесувања, кои директно влијаат на нашето ментално здравје, на нашиот светоглед, иднината, на односите со другите и на себеприфаќањето. Нивното редефинирање и реформулирање ќе овозможи рационалност во расудувањето, рационален поглед кон себеси; другите, светот и иднината, како и себеприфаќање со поголемо сочувство и емпатичност.
Работилницата е интерактивна, односно преку вежби, животни ситуации, бура на идеи, размена на искуство и стекнување со нови техники за разусловување, присутните ќе стекнат и ќе ги зајакнат своите ментални снаги и резилијентноста воопшто.
Модератор: Марија Ангелеска
Време: 21.11.2018, 18 часот
Место: ДООЕЛ „Мое советувалиште“, Прилеп.
Адреса: ул: Наум Наумоски –Борче 2/8
Контакт: 075/202-364 Марија Ангелеска
Отворен тип.

21.11.2018: Среда
Тема: Ајде да зборуваме За…. Промените и потребите на вашите деца во периодот на адолесценција.
Во текот на овој бурен период се чини дека адолесцентите најмногу се насочени кон своите врсници. Но родителите не треба да заборават дека им се сојузници во „борбата“ за независност и изградба на идентитетот во овој период од нивниот живот.
На оваа работилница возрасните ќе имаат можност да се потсетат како е да се биде адолесцент и кои пораки би сакале да ги испратат до нивните „бунтовници“.
Драги родители во раното детство им давате корени а сега им се потребни крила за самостоен живот.
Ве очекуваме!
Модератор: Мони Кузмановска
Место: ООУ “Кирил и Методиј”, с. Канатларци.
Време: 13–14:30
Отворен тип.

22.11.2018: Четврток
Тема: На кафе/чај со психологот… Марија Ангелеска, Мони Кузмановска, Кристина Павловски, Ана Стојческа.

Преку директна комуникација со заинтересираните граѓани/–нки, ќе се овозможи демистификација и поблиску запознавање на професијата Психолог и која е улогата на психолозите во рамките на Заедницата. Ќе имате можност да се запознаете со психолозите кои се активни на локално ниво, како и да се запознаете со нивните теоретско–практични начини на нудење на психолошка поддршка.
Контакт: 075/202-364 Марија Ангелеска
Отворен и интерактивен тип.

23.11.2018: Петок
Тема: Панични напади во Когнитивно–бихејвиорална терапијата (КБХ).
Психоедукација за паничните напади од аспект на КБТ терапијата, запознавање и примена на техниките и методите во терапијата, како и интервенција и работа со негативните мисли, т.е запознавања со КБТ моделот на паничните напади.
Организира: Ана Стојческа
Време: 23.11.2018 година од 18 часот
Место: Психолошко советувалиште Ана, зад црквата Св. Петка во Точила.
Контакт: 075-403-330 – Ана Стојческа
Отворен тип.

Би можело да ве интересира

Нови фосили останаа без Рајко Дујмиќ

Денеска е Мала Богородица: Празник на мајката и заштитничка на жените

Елизабета Филипоска

„Надеж Надеж„ со подароци за децата од посебната паралелка при ООУ „Климент Охридски“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе