16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Велигденска честитка упати градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои:
„ На сите мои сограѓани, православни христијани, Ви посакувам многу здравје, среќа и во мир и благосостојба да ги поминете претстојните Велигденски празници заедно со своите семејства. Големиот христијански празник Велигден ни дава можност да шириме љубов и позитивна енергија, да се грижиме и правиме добри дела, да ја чуваме традицијата, да го негуваме културното и историското наследство, да ја негуваме верата и да бидеме сплотени во зачувувањето на нашиот македонски идентитет.
За многу години!„

Би можело да ве интересира

Фонд на ПИОМ: ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ НЕ Е ЗАГРОЗЕНА

Марко Ристески најсреќен во Прилеп, Костадин Петкоски во Мало, а Валентин Пуцакоски во Големо Коњари

Беше момент на уживање – концерт на полскиот камерн хор во храмот “Св. Кирил и Методиј“  – Параклис

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе