Викендов во Скопје на 17 ти ноември се одржа Државното карате првенство за кадети, јуниори, јуниори до 21год, каде карате клубот „БОНСАИ” Прилеп го претставуваа вкупно 15 натпреварувачи. И на овој државен собир се покажаа квалитетите на прилепските млади каратисти при што клубот Бонсаи освои вкупно 12 медали и тоа: 7 поединечно во кати и борби и 5 во екипно борби.
Седум од овие натпреварувачи се пласираа за Балканско првенство за кадети, јуниори, јуниори до 21 година. што ќе се одржи во Дубровник, Хрватска – од 30 ноември до 2 декември.
Еве кои се освојувачите на медалји:
1.МАТЕА ТАЛЕСКА 1 место кати јуниорки до 21г.
2.ОГНЕН ТОДОРОСКИ 3 место кати јуниори до 21г.
3.КРИСТИНА КАЛАМУКОСКА 3 место кати јуниорки
4.НИКОЛА ЈОЛЕСКИ 3 место борби јуниори до 21г. – 84 килограми.
5.АНДРИАНА МИРЧЕСКА 3 место борби јуниорки + 59 килограми.
6.ВЕРОНИКА КУКЕСКА 3 место борби јуниорки -48 килограми
7.ТЕОДОРА ТОДОРОСКА 3 место борби јуниорки -59килограми
8.МЕРИ ДАМЕСКА 3 место екипно борби
9.ЈОВАНА ТАЛЕСКА 3 место екипно борби
10.АНДРИАНА МИРЧЕСКА 3 место екипно борби
11.ВЕРОНИКА КУКЕСКА 3 место екипно борби
12.ТОДОРОСКА ТЕОДОРА 3 место екипно борби
– Морам да ги споменам Андреј Кулоски,Горгија Јовевски,Видан Митковски,Бојан Гиновски,Никола Николоски, Давид Салатоски кои жал изгубија во репасазните борби за трето место во кати КУЛОСКИ и борби исто така КУЛОСКИ, ЈОВЕВСКИ, САЛАТОСКИ. Но, ние продолжуваме напорно да работиме да ги подобриме нашите резултати во кати и борби,како и екипно кати и борби, бидејки само ние работиме и кати и борби ,другите работат една дисциплина што нормално е далеку полесно, вели Валентина Пурдеска тренер во Карате клуб Бонсаи.