7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

20 -сет Прилепчани го носат вирусот на ХИВ/СИДА

Превентивнат заштита,користење на кондом при сексуален контакт,едукација се основната порака од епидемиолозите за заштита од  ХИВ/СИДА, по повод  Меѓународен ден на борба против обаа болест 1-ви Декември

Први декември се одбележува Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА-та, како можност луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ-от, да покажат поддршка кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и да се сетатат на оние кои починале од таа болест. Болеста во Макеоднија е регистирана за прв пат во 1991 година .Во  Центарот за јавно здравје -Прилеп, регистрирани се 20 заболени од ХИ/СИДА, пет се  во 2016 г., а по тројца во 2017 г. и 2018 г. Во последните две години сите заболени се мажи.

 

Како  Центар за јавно здравје  вршиме континуирана едукација на населението за нивното однесување во врска со оваа болест, пред се преку предавања што се одвиваат во школите, кои ќе ги имаме во текот на цел месец декември во сите средни школи. Секако и постојано информирање на медиумите, што е и целта на овој Светски ден за заштита од сидата, да ги повикаме сите лидери на земјите да обрнат внимание во собирањето на средства за лекување на оваа болест и секако да се подигне свеста кај младите, затоа што младите се најризичната група. Тие влегуваат во ризични сексуални однесувања, пред се поради нивното чувство на несигурност, на неинформираноста. Затоа ги повикувам сите млади од овој град, во просториите на Центарот за јавно здравје веќе 20 години постои советувалиште за ХИВ. Може слободно секој што сака, анонимно, доверливо, бесплатно и безболно да изврши испитување на овој тест“, истакна Драгица Николоска, в.д. директор на Центар за Јавно здравје Прилеп.

 

„Мислам дека дојдено е времето кога сите ние како граѓани и како општество сме доста време запознати околу оваа опасна болест. Жалосно е што се уште нема вакцина против оваа болест или било каков лек кој би бил потребен и кој би ја сузбијал оваа болест. За жал останува само единствено на превенција, превентивата што треба да ја направиме за да се заштитиме од оваа болест. Ние сме спремни како општество за превенцијата, да делуваме колку што можеме повеќе, затоа што ако тоа не го направиме, оваа болест може да завземи многу позначајно место и да има уште поголем проблем во нашето општество“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

                                     КОРИСНА САТИСТИКА -за опасноста од оваа болест!   

Инаку, во светот, во секои 17-сет  секунди некој може да биде заразен со вирусот ХИВ, а од СИДА од почетокот на епидемијата,1988 г, досега животот го загубиле 35 милиони луѓе, велат податоците  од агенцијата на ОН за борба со СИДА по повод 1 декември, Светски ден на борбата против таа болест.  Околу 1,8 милиони луѓе минатата година се заразиле и таа цифра претставува нови ширење на инфенцијата од која може да се заразат речиси 5.000 луѓе дневно. Според податоците на глобално ниво од ХИВ заразени на  37 милиони луѓе.,главно возрасни лица ,но и лица  помлади од 15 години.Статистиката од минатата година покажува дека зголемен е бројот на заразени женски лица на возраст од 15 до 24 години во однос на мажите на таа возраст. Во Макеоднија се регистрирани 400 случаи на заболени од ХИВ, од кои 86% се од машки пол, а само 14% се од женски пол. Во 2018 година има регистрирано 41 случај на заболен од ХИВ и во последните 2 години сите заболени се од машки пол. Кога се зборува комулативно, 99 луѓе на Република Македонија починале од болести што се поврзани со ХИВ.

 

Би можело да ве интересира

Прилепската болница вклучена во INTERCOVID студијата на Универзитетот во Оксфорд

Изложба на фотографии од Матео де Мајда во Прилеп

Голем интерес за закуп на простор за Фестивалот на пивото и скарата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе