11.9 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Загадувањето ќе се намали со користење обновливи извори на енергија

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето – намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола. Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница. ResPublica видео подкаст со професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност и Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк.

Би можело да ве интересира

(Видео) Знаат ли граѓаните кои одлуки ги носат советниците во Советот на Општина Прилеп?!

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Неколку теми – повеќе прашања со градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски

Гордана Цветаноска

Две нови инвестиции во Витаминка

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе