5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка

Брендот Брилијант се проширува.Mаслото Брилијант Омега 3 e во продажба. Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а брендот Брилијант ја зацврстува својата позиционираност на пазарот.

Воведувањето на ова масло е инвестирање во проширување на производниот асортиман а преку воспоставување на новиот технолошки процес, претставува вложување и во фабричките капацитети.денеска новинарите имаа можност да ја посетат фабриката во Штип и да ги погледнат производите на Брилијант

Со Брилијант влеговме во сегмент на производство каде има голем потенцијал за раст. Имајќи ја предвид експертизата на Витаминка во делот на иновациите и развој на производите Брилијант има само успешна приказна пред себе. Сепак станува збор за производ што има своја традиција, свој неспорен квалитет, свои потрошувачи, но со иновативни производи ќе успееме да придобиеме и нови потрошувачи. Праксата покажува дека со вистински вложувања, во вистински момент и начин, секој бизнис дава резултати. Таков е примерот со Брилијант“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Во производството на Брилијант Омега 3 искористени се современи методи со што се доби висококвалитетно сончогледово масло збогатено со есенцијални масни киселини. Брилијант Омега 3 е збогатено со докосахексонична (DHA) масна киселина и со тоа станува извор на Омега 3 масни киселини, а со негово консумирање и голем здравствен бенефит.

 

 

Би можело да ве интересира

Крадци нападнале полициски службеник кој ги пријавил

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (63)

Пела Редакција

Прилеп: Сите механизми се користат против невидливиот непријател

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе