5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепчани хумани! Акцијата „Подај рака, биди човек”,успешна

Собрани се и поделени 11-сет пакети со храна,во вредност од  700/800, за 11-сет сиромашни прилепски семејства,  во рамките на акцијата “Подај рака, биди човек”, во организација на Здружението Епилепсија Македонија.  Од 10-ти до  13-ти декември  Во неколку маркетите низ Прилеп волонтери од Здружението Епилепсија Македонија, заедно со Црвениот крст – Прилеп и со поддршка  на  Општина Прилеп  поставија  кошници за донација на храна каде, граѓани, добронамерници кои пазареа, во овие маркети, имаа можност да донираат од своите производите,  во кошницата за донации. Хуманитарна акција  насловена  “Подај рака, биди човек” имаше за цел . да собере што повеќе храна, пред големиот христијански празник Св. Никола, кој е заштитник на градот Прилеп и по пример на светецот, (бидејќи тој делел храна на болните и изнемоштените лица со голема и племенита љубов ) , кај  граѓаните да ја поттикнат љубовта и хуманоста. Од  Здружението Епилепсија Македонија се задволни од акцијата и хуманоста на Прилепчани  „Вакви акции ќе организираме и за другите христијански прзници ,бидјеќи сум пријатно изненаден од хуманоста на прилепчани„ вели Дејан Бунески

Прилеп има околу 1700 семјства кои се корисници на социјална парична помош и кои преставуваат најранливата категорија граѓани. Со ваквите акции семо се ублажува нивната социјална состојба ,велат надлежните кои се надеваат дека со новите законски решенија, корисниците на социјална парична помош ќе имаат подостоинствен живот.

Целта на акција „Подај рака, биди човек” беше  да им се овозможи новогодишно пакетчииња со храна  на  деца и семејства од ранливите категории, за и тие да ја почуствуваат новогодишната маѓија. Оваа акција се планира да биде традиционална.

Би можело да ве интересира

Донација на болнички кревети за прилепската болница

Елизабета Филипоска

Утрово минусни температури на Шапка, а најмногу дожд во Прилеп

Пела Редакција

Второто полугодие започнува на 1 ви февруари со физичко присуство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе