5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Се виткаат посните сарми.Прилеп ги почна подготовките за прославата на патрониот празник на градот „Св. Никола“

Прилеп ги почна подготовките за прославата на патрониот празник на градот „Свети Никола“.  Денеска во ресторанот на хотелот „Липа„, прилепчанки почнаа да ги виткаат надалеку познатите светиниколски мали посни сарми. Педесетина членки на прилепските женски здруженија  треба да направат околу 70 000 мали посни сарми.

„Посната прилепска сарма е најпозната по начинот на подготовка. Се витка со неколку зрна ориз, во мали ливчиња сторена зелка. Сармичките не смеат да бидат поголеми од лешник и тоа е спецификата на овие сарми.Ваква сарма никој не прави во Македонија.Ја правимеи за Божики за Коледе „ – вели Менче Пејоска од здужението „Преродба“

 

“Посната светиниколска сарма стои и една недела . Секоје второ семејство во Прилеп ја слави оваа слава како куќна и останало од дедо – прадедо на ваков начин да се витка и подготвува светиниколската сарма.Никако поголема!„-  вели Марија Михајлоска од женското здруженије „Преродба“

„Денеска  ги  виткаме светиниколските сарми за патрон празникот на градот.Тоа го правиме со голема  љубов и ни е гордост што сме тука да помогнеме како здружение“ вели Љубица Петреска, од „Мајка Традција“  .

 

  Домаќин на овогодинешното празнување на градската слава е градоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски,со неговото семејство. Денеска ,тој ги посети ресторанот Липа и им посака пријатна работа на жените кои виткаат светиниколски сарми .

Во духот на хуманоста, за прв пат оваа година посната трпеза ќе се служи само во центарот на градот, каде што ќе биде поставен ручекот и со помош на Црвениот крст – Прилеп и МЦСР ќе биде поделена  храна на  семејствата кои имаат потреба од  храна. Хуманоста нема име , има само срце !- рече градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски .

 

Посебна чест и задоволство ми е што нашата фамилија е домаќин на патронпразникот на градот „Св Никола„. Ова нам ни е домаша слава, и се предавала од колено на колено. Се надевам дека и нашите деца ќе ја продолжат оваа традиција. За светиниколската трпеза за патрон празникот на градот, набавивме 1000 кг зелка ,100 кг ориз, 200 кг. грав , риба,  а ќе има и 2000 л. пијалоци, за побогата трпеза. На свечената светиниколска трпеза, на 19-ти  в среда, во центарот на градот сите граѓани се поканети! – рече Виолета Јованоска, сопругата на градоначалникот на Прилеп.

Свети Никола , познат како заштитник на сиромашните ,болните, немоќните, пред тринаесет години беше означен како заштитник на Прилеп, бидејќи него, како куќен слава, го слават половина прилепчани, а половина им одат на гости, па така целиот град го слави овој светецот

Од друга стрна, токму, со светиниколските мали посни сарми, кои се одликуваат со својата уникатност во голмината и начиниот на подготовка, Прилеп влезе  во Гинисовата книга на рекорди. 2008 г. ,160 жени од женските здруженија на Прилеп, здружено ,свиткаа 80.110 посни светиниколски сарми, со голимина од 10 см. Рекорд беше потврден 2008 г.,а се најде во Гинисовата книга на рекорди во 2010, и досега не е соборен.

 

Би можело да ве интересира

Премиерот Спасовски и министерот Филипче денеска во Прилеп и Крушево

Гордана Цветаноска

Злато за учениците од Крушево на натпреварот по кулинарство

Елизабета Филипоска

Воведена делумна забрана за движење во шуми, за непочитување казните се од 1 500 до 2 000 евра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе