11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Најдобрите аматерски филмаџии од Прилеп добија признанија од Фото Кино Клубот

Најдобрите фотографи, сниматели, режисери, носители на идејата за аматерски документарен филм во Прилеп, се добитници на награди од Фото Кино Клубот од Прилеп, еден од најдобрите во државата.
Гран при, златна, сребрена и бронзена плакета, награда за најдобра идеја, најдобра режија и најдобра камера, дипломи и плакети добија бројни членови на клубот, синоќа пред почетокот на манифестација „Млади европејци“, која има за цел поттикнување на културните вредности во локалните средини.
Пред вљубениците на уметничката фотографија и документарниот филм, беа проектирани 25 најдобри аматерски документарни филмови.
Наградите на добитниците им ги врачи градоначалникот Илија Јованоски, прогласувајќи ја за отворена, вечерта посветена на аматерскиот документарен филм.
„Општина Прилеп ја поддржува работата на Фото Кино Клубот од Прилеп, зашто овој клуб ја промовира и збогатува културната понуда на градот. Клубот ги промовира европските културни вредности и во Општина Прилеп, а со тоа придонесува и за културна и уметничка анимација на младите луѓе. Тој го носи епитетот „најдобар клуб во државата“ година, а ова признание не е само за клубот, но и за градот. Затоа Општина Прилеп ќе го поддржи и поттикне и во иднина одржувањето на вакви манифестации, коишто придонесуваат за збогатување и подигнување на нивото на културната понуда во градот, но и афирмацијата на Општината надвор од Македонија“, рече градоначалникот Јованоски, на свечениот чин на доделување на наградите.
Според претседателот на жири комисијата, Слободан Беличански, клубот има извонредно голема и значајна улога во имплементацијата на европските културни вредности на локално ниво.
Претседателот на клубот, Сашко Попоски, истакна дека клубот и натаму продолжува со интензивни активности, посветено да работи со своите 60 членови.
„Интересот за членство расте секоја година. А, клубот бележи успеси на сите манифестации каде што учествува. На државниот фестивал што се одржа во Струга освои 5 награди. На фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола годинава, освои „Гран При“ и наградата „UNICA“, и тоа три златни плакети на „UNICA“. Оваа награда е пандан на наградата „ОСКАР“ во филмската дејност. Доделуваме и тутула за „кино аматер втора класа“ врз основа на освоените бодови според Правилникот од Кино Сојуз на Македонија“, истакна Попоски.
Според најавите од март следната година, клубот продолжува со нови обуки и курсеви на младите членови. На 30-ти и први мај во организација на клубот, ќе се одржи традиционалната изложба „Јордан Зазоски- Зазо“ и во април државната манифестација „Денови на македонската фотографија“.
Манифестацијата „Млади европејци“ е поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Утре, (сабота) без струја ќе останат неколку улици и села во прилепско

Пела Редакција

(ВИДЕО) Крмов: борбениот дух на партијата е пресликан во прилепските советници на Левица

Гордана Цветаноска

По повод патронот на библиотеката награди за вљубениците на книгата и пишаниот збор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе