11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јованоски: Свети Никола се чествува во знакот на еднаквоста и хуманоста

Денеска се во Општина Прилеп е во знакот на својот патрон, заштитник – Свети Николај – Чудотворец. Одбележување на празникот Свети Никола започна изутринава во 8 часот со Света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“со која чиноначалствуваше Владиката Петар. Празнувањето продолжи пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот, каде се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач. Од народот израсна, народот го водеше Свети Николај е наш чудотворец, да го следиме Свети Никола во верата, рече Владиката Петар во своето обраќање.
– Во народот Господ му рече да оди и народот да го учи и советува и да се грижи како вистински пастир за своето стадо, што тоа и го направил Свети Николај, како што читаме во Светото писмо. И не само со зборови, туку и со дела и конечно и со својот живот.
Пред присутните се обратија годинешните домаќини, семејството на Илија и Виолета Јованоски.
– Сакам да ви се обратам како градоначалник на сите граѓани, без оглед на верската, националната, политичка или било каква припадност. Годинава мои сограѓани Општина Прилеп, вие сите овде заедно, ја чествуваме градската слава во духот на еднаквоста и хуманоста. Чествуваме овде, на едно место, без поделби, без избрани и обични граѓани, сите заедно на празничната трпеза. Ние сме сите овде еднакви и привилегијата за да го чествуваме овој празник ја имаме сите заедно и подеднакво, потенцираше Илија Јованоски, а неговата сопруга Виолета од името на семејството ги покани присутните на светиниколската трпеза.
За нов домаќин и кум за наредната градска слава Свети Никола за 2019 година е промовиран семејството на Кирил Небрежанец.
– Чест ми е што јас и моето семејство ќе ја имаме таа привилегија да бидеме домаќини за градската слава Свети Никола за наредната 2019 година, рече Небрежанец кој упати покана до присутните за заедничка прослава на празникот и за наредната година
Домаќините и оваа година за сите присутни во центарот на градот на плочникот кај споменикот Крале Марко приредија празнична посна трпеза на која без исклучок се уникатните мали прилепски посни сарми, гравот, рибата и други посни специјалитети како и пијалаци. Во приготвувањето на посните специјалитети и годинава се вклучија членките на женските здруженија од Прилеп.
Годинава во духот на големиот празник од 10 ти до 13 ти декември се одржа и голема хуманитарна акција во организација на здружението Епилепсија, со поддршка на Општина Прилеп и Црвениот крст на Македонија. Со акцијата „Подај рака, биди човек” беа доделени пакети со храна донирана од граѓаните на семејствата на кои им е најпотребно. Исто така традиционалниот Светиниколски турнир во мал фудбал е во духот на хуманоста при што сите собрани средства ќе бидат доделени на децата со ретки болести.

Би можело да ве интересира

Прилеп не се предава, 65 новозаразени

Гордана Цветаноска

Во тек истраги во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

Волонтери и матични лекари помагаат во прилепската болница, а има и слободни кревети

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе