5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

В недела, тeатар „Авантурите на Пинокиo“за сите деца и возрасни

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ,в недела  премиерно, (в сабота пред премиернo) ќе ја прикаже претставата за деца „Авантурите на Пинокио“, според книга од Карло  Колоди. Драматизацијата на оваа авантуристичка пиеса за деца  e на режисерот Ковачовски , заедно со Надја Василева Ковачовска, која e и автор на сценографијата, костимографијата и креатор на куклите. Во претставата главнот лик, Пинокио,  го игра Јасмина М. Станкоска,која ќе ја управува дрвента кукла.

„Работата со кукли е драмски медиум, која за нас актерите е поспецифичен, потежок , но не и невозможен.Тешко е на едно дрвено парче со 10 конци да му се даде срце, да прозбори и да функционира во целата претстава со другите ликови кои имаат маски и стил на игра. Но, како што реков, тоа не е не возможно. Оваа претстава е за едно мало детенце кои има дрвено срце, а сака да му стане вистинско.Тоа во текот на претствата се соочува со нови искуства, добри и лоши,но на крајот од претставата, осознава дека не е важно да бидиш во глобалниот свет, туку важно е да имаш душа , да разликуваш што е добро ,а што лошо. Ние успеавме тоа да го прикажеме во оваа претстава и мислам дека и децата, а и возрасните ќе уживаат“- рече  актерот Јасмина М. Станкоска

Ликовите под маска ќе ги играат:  Димитар Црцороски, Андон Јованоски, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела  Иваноска и Катерина Чакмакоска Клинческа.

Претставата за деца „Авантурите на Пиноки“е последна престава што ја подготвува театарот „Војдан чернодринкси“за ова година и  дел од програмата на театарот за 2018 година поддржана од Министерство за култура.

 

 

Би можело да ве интересира

Предвелигденски хуманитарен концерт на црковните хорови „Св. Петка“ и „Св. Благовештение“ Прилеп

Гордана Цветаноска

45 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Монодрамата „Пауна“ утре во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе