7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Издашноста на Студенчица се намалува, апел за совесно трошење на водата!

ЈКП Водовод и Канализација од почетокот на снежните врнежи и ниските температури, се соочува со низа проблеми кои се однесуваат на дефекти на мрежата.

– До денес и успешно се санираа сите дефекти. Но поголем проблем е што намалена е издашноста на Студенчица и тоа во моментов изнесува околу 600 л/сек, поради што за Прилеп се оддвојуваат од 160 до 180 л/сек. Граѓаните и фирмите трошат повеќе од 370 л/сек. Вклучени ни се сите бунари, постојано сме на терен, вршиме пренасочување на водата во секој момент, со цел секое домаќинство во Прилеп да има доволно вода. Можни се намалување на притисоците во одредени делови на градот, но ЈКП Водовод и Канализација ќе направи се секое домаќинство да добива вода, потенцираше Емил Јанески директор на ЈКП ВиК Прилеп.

Намалувањето на издашноста на Студенчица се должи на ниските температури, што е вообичаено, така што, со најавата за нов студен бран и дополнително снижување на температурите се очекува издашноста да се намалува и понатаму. Сите бунари кои произведуваат здравствено исправна вода во моментов се вклучени во системот за водоснабдување во Прилеп.
– Секојдневно се прави испитување на здравствената состојба на бунарската вода и се што е во можност согласно резултатите од санитарниот инспекторат. Се троши повеќе вода од колку во летниот период, потенцира Јанески кој упати апел до граѓаните да ги заштитуваат водомерите, но и колку што е можно помалку да ги оставаат чешмите отворени да тече вода.

Во овој момент е најпотребна совесната потрошувачка на водата. Денеска во Прилеп до секое домаќинство се дистрибуира вода, иако на пооделни делови притисокот е намален. Изминатиот период проблематично било во населбата Точила, потоа на улицита Борис Кидрич на високите катови, при што екипите на ЈКП В и К им носеле вода на домаќинствата со туби.

Би можело да ве интересира

Малолетници тешко повредени во две сообраќајки

Пела Редакција

Младинци во виртуелна посета на Собранието

Гордана Цветаноска

Водата за пиење во с.Алинци и с.Подмол е небезбедна за пиење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе