
Бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослваи Стара Нова година и Василица.

Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.
“Овие празници како дел од нашата традиција ни даваатможност да се собериме сите заедно на едно место , на едноогниште кое симболизира заедништво , единство и сите заеднода ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност сии белег на нашето постоење.Ова зедништво ги зајакнувамеѓусебните врски во нашата локална заедница. Дружењето сососедите , пријателите , блискоста меѓу младите дава посебночувство на среќа , задоволство и исполнетост .Да си подавамерака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени несамо на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.На сите граѓани на општина Новаци и на сите православниверници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желбиза здравје , среќа и бериќет ” – истакна градоначалникот на Новаци,Љубе Кумановски