3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По медиумската објава, семeјството Спасески го посетија институциите

Драган и Виданка Спасески од Прилеп пет години живеат без струја, со социјална помош од само околу 1.900 денари. Јадат еднаш во текот на денот и живеат во куќа пред распаѓање. Спасески е дијабетичар, a од неодaмна неможе да оди. Поради дијабетесот едната нога му е комплетно помодрена, а нема пари соодветно да се лекува.

По објавената приказна во медиумите, кога Спасески побара итна помош од државата и се пожали дека иако бил бранител во 2001 година, државата воопшто не му помoгнала, денеска, веднаш, надлежните го посетија ова семeјство.

Градоначалникот Јованоски, најпрво се интересираше за здравствената состојба на Спасески. По разговорот со него и неговата сопруга, Јованоски истакна дека ќе бидат преземени сите мерки во негови и ингеренции на Општина Прилеп, со цел да се решат најгорливите проблеми на Спасески. Општина Прилеп ќе се заложи да се реши проблемот со повеќегодишниот неплатен долг за електрична енергија, којшто во моментов изнесува 91.843 денари, а ќе му биде исплатена парична помош. Воедно бранителот ќе биде хоспитализиран со цел да се стабилизира неговата здравствена состојба.

Директорката на Здравствен дом, Оливера Аџиоска со екипа од Службата за домашно лекување го посети Драган Спасески. При тоа му е ординирана соодветна терапија. А, како што рече директорката Аџиоска, и по хоспитализацијата на Спасески, тој ќе биде редовно посетуван од екипите на службата за домашно лекување.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјалнa работa, директор Живко Силјаноски   потенцираше дека Драган и Виданка Спасески се корисници на правото на социјална помош повеќе од 25 години и во тој период речиси постојано биле изложени на некои специфични социјални ризици.Но, при тоа, Силјаноски напомена дека Драган и Виданка имаат син и ќерка, кои имаат и законска обврска да им помагаат на своите родители, но тие не го прават тоа во потребната мерка.

Во посета на семејството Спасески беше и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, советникот за одбрана на претседателот на Владата на РМ Драган Василески, претседателот на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните 2001/2002 година Рубин Секулоски од Прилеп.

Националниот координатор за прашања поврзани со бранителите, Стојанче Ангелов, истакна дека државата има обврска да се грижи за бранителите од 2001 година како што е Драган Спасески, а посебно за бранителите кои имаат последици. Ангелов потенцираше дека во следните неколку денови ќе ги преземат сите оние активности коишто како државни органи можат да ги преземат, почнувајќи од помошта при плаќањето на сметките за електрична енергија. Националниот координатор Ангелов, испрати порака и до сите бранители кои се во незавидна здравствена и социјална положба, да се обратат до него како координатор за  да се изнајдат начини да им се помогне во решавањето на нивните проблеми и за стекнување на правата коишто им следуваат.

Секој оној кој сака да му помогне на семејство Спасески може тоа да контактира со нив на тел. број.  076-70-80-60 или во Здружението Прилепски бранители – 078-358-943. Домот на Спасески се наоѓа во населбата „Тризла“ на ул. „Београдска“ 109 Б, позади самопослугата.

 

Би можело да ве интересира

Се опремува театар и кино сала во Крушево

Елизабета Филипоска

Љубов и вино – поетско музичка вечер за Св. Трифун и Денот на љубовта

Гордана Цветаноска

Информација или дезинформација ?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе