Голготата никако да заврши за работниците од прилепски „Еурокомпозит“. Денеска повторно тргнаа по „трнливиот пат“ за барање на своите права, на пат кон Владата. Тие бараат средба со Вицепремиерот Кочо Анѓушев и Премиерот Зоран Заев ( Еурокомпозит“ е 100% фирма во сопственост на државата), за решавање на нивните наталожени проблеми, кои се провлекуваат повеќе година: не исплатени плати, придонеси за здравствено и пензиско осигурување, дел од опремнината за лицата кои одлучиа, и ги исполнуваа условите да заминат како технолошки вишок од фирмата.
154 работници прогласени како технолошки вишок, бараат да им се исплатат 16-сете заостанати плати, придонесите и дел од опремнината, која им е исплатена само делумно. Во групата незадоволни, се приклучија и оние кои заминаа во пензија, какои 60-те вработени.
„
„Три месеци немаме земено, плата. Имаме заостанати неисплатени плати, придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Баравме прием во Владата, телефонски сакавме да се чуеме со Вицепремерот, Премиерот, за да им ги пренесеме нашите проблеми, но никој не одговара и мора на ваков начиин, со одење во Скопје, наместо да работиме во фабриката, да ги бараме нашите права. Навестиа дека има двајца инвеститори заинтересирани за нашата фирма, но досега, никој се нема појавено на капијата на „Еурокомпозит“. Директорот им исплати пола опрмнина на работниците кои заминаа како технолошки вишок и вети дека до крајот на 2018 г. ќе им биде доисплатени вториот дел, но и од тоа нема ништо“- вели Претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“, Роберт Богданоски, кои истакна дека и тие, како сите вработни во Р.Македонија, сакаат да земаат редовна плата и да имаат платени придонеси.
Вработните и оние кои заминаа како технолошки вишок се надеваат дека нивните барања ,денска ќе се решат ,во спротивно тие најавуваат повторно блокада на патиштата и протести пред Влада.