3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Донирајте за децата од Медената земја!(И добијте малку мед за возврат)

„Ако го видовте Honeyland, ги запознавте седумте деца од семејството Сем. Всушност, сега семејството има 8 деца, бидејќи последното се роди на денот на премиерата на филмот на фестивалот Санденс. Кој би помислил…“, започнува повикот за донација на тимот на филмот Медената земја.
– Тие би биле среќни да ве запознаат, но се наоѓаат во Медената земја, место далеку, далеку, каде што се заминува и ништо не е сигурно, дури ни водата во жешкиот летен ден или топлиот оброк во студената зимска ноќ. Можете да им помогнете на овие 8 деца – Мустафа, Музафер, Вели, Али, Алит, Гамзе, Љутвиш и новороденчето кое во овој момент се уште е безимено, се вели на официјалната страна на документарниот филм „Медената земја“ (Honeyland) http://honeyland.earth .
Но, тоа ќе биде трансакција, бидејќи тие се издржливи деца и немаат друг начин … Ќе купите од најдобриот мед од Медената земја (Honeyland) и тие ќе ги добијат сите пари.
Доколку сакате да донирате пријавете се на http://honeyland.earth/donate-for-the-honeyland-kids , испратете барање за тегла од 25g полна со најдобриот Honeyland мед. Приходите од донациите се наменети за формирање на образовен фонд за децата.

https://www.facebook.com/SwissEmbassySkopje/videos/356364654956596/

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее со своето семејство во централна Македонија. Главната идеја на филмот е да се прикажат припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси.
„Медена земја“ ја освои Главната награда од жирито, како и уште две награди: Котевска и Стефанов ја примија Специјалната награда од жирито за влијание за промена, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума – Специјална награда за камера.
„Honeyland“ беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Хуманитарна лотарија во Градската болница за Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Здружението Преродба оствари уште една хуманитарна мисија по повод Велигден

(Видео) Тримир женски празник, празник на армасаните девојки, адет на прилепчанки

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе