2.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Кој економски бенефит би донесла легализацијата на регреативната употреба на канабисот?!

Неформална група на граѓански организации и компании (НВО Бивиум и НВО Театарска Работилница), се со иницијатива билката канабис (cannabis sativa, cannabis indicaи cannabis ruderalis), или позната како коноп, да се легализира во Македонија за рекреативни цели, а не само во медицината и науката.

Велат, целта е да се прикажат  економските  придобивки за граѓаните ,земјоделците и државата од процесот на легализација на канабисот за рекреативни цели. Филип Секулоски од НВО Бивиум тврди:

„Билката канабис (cannabis sativa, cannabis indicaи cannabis ruderalis), од 2016 год. Во Македонија е легална за медицинската и научната потреба .Тоа е добар почеток за оваа индустрија .Во Македонија во моментов има 16 кои работата на производство на оваа билка(две се и во пелгонискиот регион) Но ,она што е тренд во светот е легална рекреативна употреба на канабисот ,кој е за да пти поголема од секторот за медицинска употреба.Тоа би и овоможило на Македонија  – отворање на нови работни места и нов даночен прилив за државата,како и подобрување на квалитето на живеење на граѓаните.Секторот за производство на рекреативена употреба на канабисот во 2018 г. изнесува околу 12 милијарди $,а во 2025 година се очкув ада сотигне 140 милијарди $.  По однос на вработувања, во секторот работат повеќе од 160.000 луѓе, а проекциите се дека до 2021 истиот ќе има 400.000 вработени.„- вели Филип Секулоски од НВО Бивиум, кои денеска во Прилеп,заедно со НВО Театарска работилница , организираат средба со граѓни,комапнии, и сл , за да го пренесат  „Економските потенцијали на легализацијата на рекреативната употреба на канабис во Република Македонија.“

Пелагонија – идеално место за производство на коноп

„Нашата позиција е дека Владата на РМ треба сериозно да пристапи кон анализа на сите придобивки од воведување на либерани политики за легализација на рекреативната употреба на канабис. Овие придобивки пред се се однесуваат на економските, здравствените и социјалните аспекти и нивното позитивно влијание врз македонското општество“.- велат од овие две организации,кои планираат вакви средби да направат во сите градови на Македонија.

 

 

Би можело да ве интересира

ТУТУНОТ – СТРАСТ, ПРОФИТ И ШТЕТНОСТ-ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО

Елизабета Филипоска

СВР Битола: ВНИМАТЕЛНО СО ТЕЛЕФОНСКАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ!!!

Смилеска: Саниран е дефектот на системот за парно греење во болницата!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе