5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ТППЕ – Прилеп: „Не палете стрништа, чистете ги оџаците – 100 пожари само во јануари!„

Пожарите во прилепско се зголемуваат поради не внимание на граѓаните. Од ТППЕ – Прилеп апелираат да не се палат стрништа и редовно да се чистата оџаците, особено оние кои користат дрво како огревна суровина и  живеат во колктивни станбени објекти, каде последиците од пажар можат да бидат поголеми.

„За овие два месеци во споредба со минатата година во овој исти период, бројот на пожари е зголемен за 40% тврди командирот на  ТППЕ-Прилеп, Виктор  Стојчески

„Само во јануари имавме преку 100 интервенции , а овој месец 70 пати сме интервенирале. Ова се сериозни бројки и затоа како заедница сериозно треба да делуваме во превенција на пожарите . Да не се оставаат вклучени електричните апарати кога се напуша домот, а во селата да не се палат стрништа, бидјеќи штетата и последиците од пожарот би ја сносел оној кој пали„ – вели командирот на ТПЕП -Прилеп, Виктор  Стојчески

Пожарникарите апелираат на совестноста кај граѓаните со цел да не се применува казнената политика која,  на пример, казната за палење на стрништа, плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата. Тие ,меѓудругото и апелираат да не се злоупотребуа  телефонскиот број ,193, за лажни повици, бидејќи тоа,пак, би можело да предизвика огромна штета доколку некаде навистина има потреба од оваа служба. 

„При вакви интернвенции се оштетуваат возилата, се троши гориво се ангажираат луѓе,а некаде можеби гори објект од витално значење„- велат пожарникарите

ТППЕ-Прилеп покрива огромна површина од 1700 М2  во: Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Се соочуваат со редуциран кадар и техничка не опременост. Во оваа служба вработени се само 42 лица,а потребни се 65, а имат само 4 протипожарни возила и три автомобили  „лада нива“,кои се користат за теренски интервенции.

Би можело да ве интересира

(фото)Интернационална изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“,

Елизабета Филипоска

За соживот – „Ашуре„ во с. Канатларци

Пела Редакција

ДНУ Прилеп – 50 години стожер и промотор на научната мисла

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе