11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Успешен пролетен старт на ЖРК „Деспина„

Со победа ЖРК „Деспина“ го започна пролетниот дел од  Женската ракометна Супер лига. На денешното гостувањето во Скопје  прилепските ракометари со 9 гола разлика ја совладаа екипата  на ЖРК „Цемс“. (ЖРК „Цемс“- ЖРК „Деспина“ 32 – 23 ) .Прилепскиот тим се покажа играчки и технички  како поорганизиран и со успешни  акции, држејќи ја резултатска предност, ја издвои победата во рамките на 15 коло од Женската ракометна Супер лига . Успешниот почеток,  во пролетниот дел, е само најава дека прилепските девојки ќе се борат за средшниот дел на табелата, иако во есенската битка останаа во долниот дел.

ЖРК „Деспина“ и на домашен терен, во еснскиот дел од натпреварувањето, ја совлада екипата на „Цемес“, кои во оваа натпревраучка сезона е „новајлии“ во  Женската Ракометна Супер Лига,  и заврши претпоследни на табелата.

Со оваа победа Прлепчанките освојуваат 19 бода и остануваат на седмата позиција на табелата доближувајќи им се на екипата на „Спартак„ која има 20 бода.

Следниот натпревар ЖРК „Деспина“ го игра во Прилеп, каде на прилепскиот женски ракометен тим им гостува ЖРК „Пелистер“.Пелагониското дерби се очкува да донесе многу возбудување, со оглед на бодовната состојба на „пелистерки “ кои се во средниот дел  од табелата, со 27 бодови, но и поради „ослабеноста на пелистерки„ , чии четири првотимки и некогашни играчи на „Вардар„ кои играа правата полузесона за „Пелистер“ го напуштија клубот, а од клубот си замина и одличниот голма, која беспрекорано ја бранеше мрежата на „пелистерки“, Сандра Дуралнова.

Натпреварот помеѓу ЖРК „Деспина“ и ЖРК “Пелистер“ според распоредот треба да се одигра во сабота, 09-ти март, во 17,оо ч. ,во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

Би можело да ве интересира

ФФМ вели „ДА“ стадионот е сега во надлежност на општината, а Општината вели „сеуште НЕ„ – која е вистината?!

Елизабета Филипоска

Победа подобра и од Слога

Гордана Цветаноска

Почнува Меѓународниот меморијален ракометен турнир Миле Нешкоски

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе