2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

„Виножито“ бара изучување на македонскиот јазик и богослужби на македонски јазик во Грција

Партијата „Виножито“ на етничките Македонци во Грција од универзитетот „Македонија“ во Солун побара изучување на македонскиот јазик.
„Во програмите на вашиот универзитет треба да го промовирате и изучувањето на македонскиот јазик, јазикот што се зборува кај нашиот сосед и во Северна Грција, пишува во писмото на Виножито, партијата на Македонците во Грција, испратено до ректорот на универзитетот „Македонија“ во Солун.
Во писмото на политичкиот секретаријат на Виножито се потсетува на Договорот од Преспа и признавањето на македонскиот јазик и националноста на граѓаните на „нашиот сосед“ кои сега се и официјално признаени и од нашата земја.
„Знаејќи дека целта на овој Универзитет е промоција на знаењето за јазиците, за историјата и културата на балканските земји на универзитетско ниво, сметаме дека е сосема разумно да се изучува и јазикот на нашиот сосед. Ние би сакале да ве замолиме да го претставите и модерниот јазик на кои се зборува и кај нашиот сосед и во Северна Грција и да стане дел од програмата на овој оддел.
Универзитетот „Македонија“ е втор по големина во Солун.
Покрај тоа, во писмо од партијата, Македонците во Грција бараат богослужбите да се извршуваат на македонски јазик. во писмо упатено до вселенскиот патријарх Вартоломеј.
– Ве молиме Врховниот Пастир да придонесе за разбирање на нашите верски права како малцинство што вклучува да се пеат и слушаат молитвите на современиот македонски јазик и да можат нашите деца се крштеваат со нашите традиционални имиња.
Се надеваме дека ќе се организира состанок да Ве информираме за тоа дека парохиите во метрополите на нови територии каде што живеат православни христијани кои се етнички Македонци и кои сакаат да ги извршуваат црковните обреди на Божествената Литургија на грчки јазик, тоа да биде на современ македонски јазик.
Исто така, бараме од Вас свештениците на Митрополијата крштевањето и постхумното одбележување на православните христијани – етнички Македонци да биде овозможено со нашите традиционални македонски имиња: Зора, Софка, Стојанка, Борис, Златан Дора, Томе, Гоце, Велика, Кирил, Слава, Трајко, Стојан, Света, Трајчо, Траианка, Светко, Ристо, Петко, стои во дел од писмото.
Македонците во Грција, членови на партијата, велат е дојдено време да се стави крај на неправдата кон нив, како православни христијани бидејќи на грчката територија богослужите се извршуваат само на грчки јазик. Од „Виножито“ бараат да се најде решение преку искрен дијалог од двете страни. Тие јасно се изјаснуваат дека се “национално македонско малцинство” и дека Грција, ги променила насилно имињата и нивниот јазичен и национален идентитет. Со тоа Виножито бара да се исправи повеќе децениската неправда над македонското малцинство во Грција.
Инаку, според Европската мрежа за малцински јазици 250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски:
„Во Северна Грција, односно во западниот и централниот дел на Македонија 250 илјади жители го зборуваат македонскиот јазик. Ова е само процена затоа што Грција нема официјален попис на јазиците на малцинствата. Во оваа земја нема ни официјална регулатива за употреба на малцинските јазици”, пишува на официјалната страница на Европската мрежа за промоција на лингвистичката разновидност.

Би можело да ве интересира

ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Пролетен меѓународен куп Крушево 2019

Елизабета Филипоска

Спасовски: Нов карантин за велигденските празници. Нови забрани за движење

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе