7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска, 11-ти Декември е Светски ден на планината. Колку планини има во Р.Македонија?!

Кога зборуваме за Македонија, слободно може да кажеме дека е планинска земја. Планините се исклучително значајни бидејќи дури 80% од територијата на државата е сочинета од планини. Има околу 40 планини од кои 12 се повисоки од 2000 метри надморска висина, што ја прави единствената држава во Европа со толкав број на планини и планински масиви на својата површина.

Живописни предели, ендемски видови на флора и фауна, кога зборуваме за Македонија зборуваме за држава со исклучително импресивна понуда за планински спортови, за развој на рурален туризам и подневје за научни истражувања. Највисок планински врв е Голем Кораб со својата висина од 2764 мнв, а има дури 85 врва со висина од над 2000 метри.

 

  1 Кораб (Корабски масив: Кораб со Дешат и Крчин), со највисок врв Голем Кораб (2753 м).

  1. Шар Планина (Шарпланински масив), со највисок врв Титов Врв (2747 м).
  2. Баба, со највисок врв Пелистер (2601 м).
  3. Јакупица (Јакупички масив или Мокра), со највисок врв Солунска Глава (2540 м). Како дел од овој масив се Јакупица, Караџица, Даутица, Голешница и Китка. По површина е најголем планински масив во Македонија.
  4. Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак), со највисок врв Кајмакчалан (2520 м).
  5. Галичица (со Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток), со највисок врв Вир – 2288 м (во Албанија). На територијата на Република Македонија, највисок врв е Кота (2265 м).
  6. Стогово (Стогово со Караорман), со највисок врв Голем Рид (2268 м).
  7. Јабланица, со највисок врв Црн Камен (2256 м).
  8. Осоговски планински масив (со Лисец, Плавица, Синковица), со највисок врв Руен (2252 м).
  9. Кожуф, со највисок врв Зелен Брег (2165 м).
  10. Бистра, со највисок врв Меденица (2163 м).
  11. Сува Гора (Сува Гора со Добра Вода и Песјак), со највисок врв Добра Вода (2061 м). Според одредени карактеристики, Сува Гора може да се смета за одделна планина од Добра Вода и Песјак.

Географија : Дел од планините во Македонија 

Планинарењето полека, но сигурно, станува и нов начин на живот и еден од поатрактивните спортови како во светот, така и во Македонија. Брзиот начин на живот, нездравата исхрана, загаденоста на големите градски центри, се причината луѓето полека да се враќаат кон природата.

Токму поради тоа во 2003 година, Генералното собрание на Обединетите нации 11 декември, го прогласува за Светски ден на планината.
Неговото одбележување не е изоставено, ниту во Македонија. Проследено е со голем број активности, пред сè, во поглед на организирање планинарски тури и доделување плакати и признанија за врвни достигнувања во планинарските спортови. Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и оваа година додели награди:за животно дело ја доби Гојко Геговски, а Александар Кирковски доби награда за врвно спортско остварување и за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија.

 

Планинарењето во последно време станува многу популарен спорт и во Прилеп. Претседателот на најмладиот планинарски клуб од овој град – „Мамути“, Маријана Ѓорѓиевска, вели дека во Прилеп планинарските спортови се застапени, а последниве неколку години доживуваат експанзија особено во делот на планинарството, планинарски велосипедизам, планинарско трчање, болдеринг и други.                                                                                

Според Ѓорѓиевска најважно е тоа што во Прилеп постои планинарска култура, постојат љубители на планинарењето – па повозрасните планинари треба да бидат спокојни, бидејќи имаат наследници на кои можат да го доверат ова хоби, а истовремено да ги доверат и Селечка планина, Козјак, Маркукуле, Томов Дом, Казанташ, Домаќинско чешмуре, Дервен…

Планините покриваат околу 22 проценти од површината на земјата и 13 проценти од светската популација живее во овие предели. Дури 90 проценти од луѓето кои живеат во планинските предели се жители кои доаѓаат од земјите во развој, каде голем дел од луѓето живеат под прагот на сиромаштијата и 1 од 3 лице се изложени на опасност од недоволна храна.

 

 

Би можело да ве интересира

Македонците во просек заработуваат по 3,2 евра од час, речиси колку што зароаботувале пред 4 години. Најплатени директорите и функционерите

Елизабета Филипоска

Бран Турс – во 3 децении постоење, ноември беше најтешкиот месец

Гордана Цветаноска

Објавен огласот за субвенции на печки на пелети – половина од средствата наменети за ранливи категории на граѓани

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе