7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп Давкова води со 138, а во Битола со 226 гласови пред Пендаровски

Најниска излезност до сега за изборите за шеф на државата (41,82%), а во Пелагониските две најголеми општини Прилеп и Битола со неизвесна трка до самиот крај, ова е оценката за првиот круг од претседателските избори.
Во прилепскиот регион од Пелагонија,Општина Прилеп од 100% обработени резултати Силјановска Давкова е во предност пред противкандидатот Пендаровски за вкупно 138 гласови или освоени 17.239 гласови (46,98%), а Пендаровски 17.101 (46,60% ) додека Блерим Река освоил 369 гласови или 1,01% од вкупниот број.
Во Општина Кривогаштани Силјановска исто така е во предност, со нешто поголема разлика и тоа за 298 гласа пред противкандидатот Пендаровски. Според резултатите од вкупно 4.682 гласови 1.421 или 53,18% ја поддржале единствената жена кандидатка за претседател пред Пендаровски кој освоил 1.123 гласа или 42,03%.
Сосема поразлична е состојбата во Општина Крушево каде Пендаровски освоил 2.534 гласови или 52,41%, наспроти 1.759 или 36,38% за Силјановска Давкова, додека за Река гласале 3,64%.
Во Општина Долнени разликата е уште поголема и е близу двојна во корист на Пендаровски (2.013 гласови или 50,95%) пред Силјановска Давкова која освоила 1.093 гласови односно 27,66%, а тука и поддршката е поголема за Блерим Река со 747 или 18,91% од вкупно обработените 100% според ДИК.
Во битолскиот дел од Пелагонија интересна беше трката меѓу двата ривали од двете најголеми коалиции. Од 100 % обработени податоци според ДИК за Г.С.Давкова гласале 17.992 или 46,76%, а за С. Пендаровски 17.766 гласови или 46,17% што е за 226 гласови предност.

Во двете помали општини Могила и Новаци, Гордана Силјановска Давкова е во предност пред Стево Пендаровски и тоа Општина Могила со пребројани 100% од гласовите Г.С.Давкова освоила 1.620 гласови или 56,74%, за С. Пендаровски гласале 1.119 или 39,19%, а за Б. Река гласале 25 или 0,88% .
Во Општина Новаци за Г. С. Давкова гласале 964 или 52,45%, за С. Пендаровски гласале 764 или 41,57%, а за Река гласале 20 или 1,09%.
Во Општина Демир Хисар исто така во предност е Гордана Силјановска Давкова со освоени 2.077 гласови или 48,55% пред Стево Пендаровски со 1.928 гласови или 45,07%, додека за Блерим Река се регтистрирани 31 глас или 0,72%.
Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 91,80% од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 323.846 или 42,85%, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 319.240 гласови или 42,24%, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 79.915 гласови или 10,57%.

Би можело да ве интересира

За Прилеп формирана дополнителна комисија за туѓа нега

Гордана Цветаноска

( Фото ) Коњот кој бил удрен од несовесен возач на Плетвар е згрижен во СОУ “Орде Чопела“

Пела Редакција

Градоначалникот Јованоски, побара од Петар Ристески извинување и повлекување на изјава

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе