7.5 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Во долненско, автомобил излетал в канал – возачот тешко повреден!

Кај долненското село Браилово , на локалниот пат, меѓу селата Браилово – Долнени, возач е тешко повреден, кога со возилото излетал во одводенот канал. Според полицијата, несреќата се случила вчера, на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица „Браилово“.

Возилото „форд галакси“, без регистарски ознаки, управувано од Д. В. (45) од село Сенокос, Прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д. В. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата “Борка талески “ – Прилеп, каде што му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана се заканувала дека ќе ја запали

Пела Редакција

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор

Елизабета Филипоска

Горел автомобил кај Вештачкото езеро и пожар настанaл во штала кај Дабница

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе