8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Моторџија од Прилеп заврши во болница со тешки повреди

На регионалниот пат Прилеп – Крушево, вчера напладне 46-годишен прилепчанец, со иницијали Е.Р., управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 12.55 часот. кога прилепскиот моторџија, управувајќи мотоцикл „фости” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Како што соопшти МВР, во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајна незгода во мариовско

Гордана Цветаноска

54 годишен маж од с.Небрегово починал управувајќи мопед

Пела Редакција

На полноќ прегазен пешак во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе