3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба на ротирачки скулптури

Прилепскиот скултор Марјан Стојаноски во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ синоќа ја отвори првата самостојна изложба во родниот град насловена „Скулптура“ во чест на празникот 11 Октомври,. Изложбата се состои од 6 скулптури во метал, од кои три се ротирачки, а три статичлни и го носат заедничкиот наслов „Феникс 2“, како продолжение на неговиот проект „Феникс“. Изложбата е авангардна зашто е ретка на нашите простори. Според скулторот Марјан Стојаноски делата ја носат пооораката за издигнувањето и кога човекот мисли дена нема надеж. Сака да бидат поставени на отворен простор.

-Станува збор за моја прва самостојна изложба во Прилеп. Имам чест да биде отворена на нашиот празник 11 Октомври. Ова е циклус на мојата работа во изминативе две години и претставува продолжение на циклусот „Феникс“. Сега е наречен „Феникс 2“. Скулптурите шест на број се изработени во метал, од кои 3 се ротирачки, а другите три се статични, што е нешто непознато досега на нашиве простори. Иако самата скулптура комуницира со публиката, мене многу ми беше битно да внесам во неа движење. Скулптурите се плод на мојата визија како би требало да изгледа една современа скулптура. Замислата ми е да бидат поставени на отворен простор каде би биле монументални. Пораката на скулптурите што ја носат е содржана во симболиката што ја има птицата Феникс – да се издигне од пепелот, да се реинкарнира од уништувањето. Се однесува на нас лушето, кога, колку и да си долу, сепак има надеж да се издигнеш горе и тоа, сметам, е бесконечен циклус, изјави Стојаноски.

Необичната и ретка изложба на Стојаноски привлече огромно внимание кај публиката.

Би можело да ве интересира

Женскиот младински хор при МКЦ настапува во Прилеп

Пела Редакција

Интернационалниот скулпторски симпозиум „Мермер“ на ЦСЛУ одбележува 55 години

Гордана Цветаноска

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе