7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Најди време, да не биде 5 до 12 !!! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Месец Октомври е посветен на иницијативите во борба против ракот на дојка. Препознатлива е розовата панделка за секојдневно да се потсетуваме себеси, а и другите на борбата против ракот на дојка.

Во раното откривање на болеста, клучно е да се подигне свеста за постоење на оваа болест, рак на дојка. Во активностите и годинава се вклучуваат учениците од СОУ Ѓорче Петров Прилеп. Меѓу другото денеска беа изведени неколку перформанси со кои учениците се обидуваат да ја подигнат свеста за раното откривање на оваа опака болест.

-Целта на оваа наша здравствено воспитна активност беше да се зголеми свеста кај младите луѓе да извршуваат преглед на дојка од рана возраст, затоа што ракот на дојка ја поместува возраста. Девојките треба да прават самопрегледи, да ги запознаат промените и за се она што ќе го забележат да побараат лекарски преглед. Дојките кај жените од пубертет до менопауза трпат физички промени. Целта на овие активности е да ја подигнеме самосвеста кај младите луѓе за преглед, да ги информираме да водат здрав живот, затоа што и тоа еден од предусловите за да спречиме малигно заболување кај жените. Секоја жена треба да оддвои барем 5 минути во текот на еден месец за самопреглед: треба да се напипаат дојките, пасивната јама и да утврдат дали има некакви промени. Исто така, жените кои се во менопауза, кои не добиваат менструација треба да го прават тоа еднаш во месецот, а останатите жени треба тоа да го прават од 7 миот до 10 тиот ден од менструацијата, вели Петра Лукареска, професорка во средното училиште СОУ „Ѓорче Петров“.

Доколку рано се открие карциномот на дојка, според статистиката, шансите за оздравување се 90 отсто. Во прилепската болница во функција е мамограф, за дијагностицирање на оваа болест.
Месец октомври се одбележува со бројни активности на здравствените институции за превенција и борба против болеста на денешнината – карцином.

Би можело да ве интересира

Кога во Крушево? Проверете што ве очекува од 8 до 10 февруари!

Гордана Цветаноска

Петиција за итно обезбедување квалитетни инсулински пумпи и сензори !

Пела Редакција

„Ангел си ти“ музичко-сценски настан за роденденот на Тоше

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе