11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, трета фаза млеко, односно, за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година. Како што информираат од подрачната единица на ресорното министерство во Прилеп, барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски најдоцна до 5- ти ноември 2019 година.
Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.
До 5- ти ноември е рокот и за поднесување на барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистриран кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки во регистрирани капацитети.
Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање. Оние фармери кои не можат сами да креираат е- барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Би можело да ве интересира

Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ со фотоволтаици и термални колектори до ефикасна заштеда на енергија

Реакција: Ниеден протест не бил партиски или за личен интерес, не го поттикнувајте гневот на земјоделците

Гордана Цветаноска

Се подготвува претставата „Поблиску“ во театарот Војдан Чернодрински

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе