16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Нови можности за легализација на дивоградбите

До крајот на годинава ќе може повторно да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, согласно измените на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22 декември минатата година.
Со законските измени се овозможи дополнителен рок и за комплетирање на документацијата, што ќе може да се направи до крајот на јуни годинава.
Услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година, како што се предвидуваше и со првото законско решение за оваа намена. Барањата се поднесуваат до општините, каде се приложува платена сметка за струја или вода, по што процедурата предвидува и доставување геодетски елаборат.
Од оваа година има уште еден новитет кој се однесува на градежното земјиште.
По предлог на Министерството за транспорт и врски, на последната Седница на Владата на Република Македонија, се измени Уредбата која се однесува на висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување. Според уредбата, цената за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата за изградба на објекти за групно домување се намалува на 70 денари за метар квадратен, што претставува намалување до 23 пати и се однесува за 58 општини во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ќе се одрази ли врз локалната економија отпуштањето работници од „Генетерм“?!

Пела Редакција

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе