-0.9 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Голем интерес за мерката субвенционирање на плати преку Центарот за вработување Прилеп

За две години 69 фирми преку Центарот за вработување Прилеп ги корестеле поволностите од мерката – субвенционирање на плати, при што се вработиле 110 активни баратели на работа. Во 2018 год. склучени биле 51 договор за вработување за 33 фирми кои имаат добиено право на учество во оваа мерка, додека во 2019 год. склучени биле 59 договори за вработување за 36 фирми.
Мерката Субвенционирање на плати беше е една од најатрактивните мерки како е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување.
Корисници на оваа мерка се макро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија, граѓански организации и нови претпријатија основани преку програмата Самовработување со неповратни средства во 2019 г. и невработени лица кои активно бараат работа. Висината на финансиската поддршка изнесува 19.000 ден. месечна субвенција на платата на вработеното лице за период од 3,6 и 12 месеци за вработување. Вкупната финансиска поддршка за едно лице варира во зависност од период за работен анганжман :
-за 3 месеци финансиската поддршка изнесува 57.000 ден со обврска на работодавачот да го задржи лицето во работен однос уште 9 месеци.
-6 месеци изнесува 114.000 ден со обврска на работодавачот да го задржи лицето во работен однос уште 18 месеци.
-12 месеци изнесува 228.000 ден со обврска на работодавачот да го задржи лицето во работен однос уште 30 месеци.
Најголемата поволност за фирмите е тоа што средствата се исплаќаат еднократно за целиот планиран период на субвенционирање, така што истите можат да се користат како инвестиција за развој на компанијата. Од друга страна, на овој начин, преку мерката за субвенционирање се отвораат нови работни места за активните баратели на работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Совети од Фиталија: Како да се произведе органски мед?

Пела Редакција

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе