3.1 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Како функционира локален радио медиум, се запознаа учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ Мало Коњари

Група на ученици, заедно со своите ментори од централното ООУ Страшо Пинџур од село Мало Коњари, Прилеп, беа во посета на Радио Пела како дел од проектот “Учење за медиумите од најмала возраст“.

Литературно – новинарската секција со 14 ученици, предводени од менторите Зорка Сотироска и Ирена Кироска, се запознаа што значи електронски медиум, како функционира едно радио, на каков начин и кој ги подготвува вестите… Учениците покажаа голема љубопитност, бидејќи за прв пат посетуваат радио. Тие, преку едукативно – интерактивната средба имаа можност да говорат во студио, да се запознаат со техничката реализација на програмата. Воедно, научија и за одговорноста на новинарите, на медиумот за јавно кажаните информации.

Некои од учениците покажаа интерес да се вклучат во работата на младинската емисија на Радио Пела „Од млади за млади“ како локални репортери за настаните кои се случуваат во нивното училиште и заедницата од која што доаѓаат.

Посетата на учениците се реализираше со цел од мала возраст, тие да научат за реалните медиуми, која е нивната функција и како се креираат реалните вести, наспроти лажните информации.

Активноста на Радио Пела е во рамките на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ кој го спроведува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите. Проектот е финансиран од Британската Влада.

Инаку,  Радио Пела од 20 ноември 2019 година започна со иницијатива за промовирање на медиумската писменост кај младите во руралните средини со поддршка на Македонскиот Институт за медиуми во партнерство со Албани асошиејтс, заедно со регионални организации за развој на медиумите и со финасиска поддшка од Британската влада

Во рамките на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ на 20. 11 2019 се одржа првиот настан на тема “Учење за медиумите од најмала возраст“ каде локалната рурална радио станица, Радио Пела ја посетија ученици од ООУ „Манчу Матак„  од с.Кривогаштани со што ученицте се запозна со работата на медиумот и неговата улога во креирањето на вестие.

Посетата на учениците од ООУ “Страшо Пинџур“ е  третиот настан на истата тема.

Би можело да ве интересира

❤️Со љубов за Никодим – хуманитарен настан❤️

Пела Редакција

Акција за родово базирано насилство кај Ромите и другите маргинализирани групи

Елизабета Филипоска

Пријавени 200 деца за учество во Бадниковата поворка во Прилеп, уште има можност за пријавување

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе