3.1 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Австралија под огнена закана

Најголемите шумски пожари од постоењето ја ставија на тест и војската во Австралија која што помага во спасување и евакуација на населението. На помош се и пожарникари од САД. Вонредната состојба во Нов Јужен Велс стапи во сила денеска и ќе остане на сила следните седум дена, додека во Викторија е воведена вонредна состојба за прв пат од нејзината историја.
Досега загинаа најмалку 20 лица, многумина се водат за исчезнати, уништени се преку 1.300 куќи, изгореа повеќе од 5,5 милиони хектари земја. Повеќе од 200 пожари беснеат во јужниот дел на Нов Јужен Велс и северо-источна Викторија.
Нашинците во овие две сојузни држави, со кои контактиравме, велат дека такви страшни слики немаат видено досега, иако шумските пожари се редовна појава во Австралија. Сиднеј , градот каде што живеат голем број Македонци, веќе со недели е во чадна обвивка која го отежнува дишењето, додека слично, од денеска е во Мелбурн.
Локалните власти најавија дека ќе вршат присилни евакуации додека туристите беа предупредувани да ги напуштат областите пред очекуваниот топлотен бран викендов.
Пожарите само оваа недела уништија 381 домови во Нов Јужен Велс и дополнителни 43 во Викторија, а бројот се очекува да расте уште повеќе.
Огромните пожари ги зафатија сите држави, дури и островот Тасманија.
На австралиските патишта се редат долги колони возила, во многу места снемува гориво во бензинските станици.
Според последните проценки, пожарите во источна Австралија убија околу половина милијарда животни и раселија стотици илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Играјте!Со наградна игра „Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ на Витаминка до веспа

Елизабета Филипоска

Порастот на трошоците е неиздржлив – состојбите во тутунопроизводството и земјоделството се алармантни!

Гордана Цветаноска

Прилепска Пиварница донираше комунално возило за почист град

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе