-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Денеска е погребот на Желчески, од дуетот Селимова -Желчески. Телеграма со сочуство од родниот град

Денеска , сабота, 29 февруари, во Белград, Република Србија, ќе биде погребан Ѓорѓи Желчески, и со тоа дуетот Селимова – Желчески останува без еден член од своето дуо.

2018 г. при доделување на наградата за животно дело на 3-ти Ноември

 

Градот Прилеп, му одава почит, ценејќи го својот сограѓанин, како еден од најголемите музички  уметници кој дал огромен придонес во промоција на македонската народна музика надвор од границите на Македонија, во целиот свет. А, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, изрази сочувство до неговото семејсто упатувајќи телеграма со следната содржина:

„Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на доајенот на македонската народна и новокомпонирана песна, на нашиот прилепчанец, Ѓорѓи Желчески. Заедно со својата животна сопатничка, Кевсер Селимова, речиси шест децении Ѓорѓи Желчески ја пренесуваше и промовираше убавината на македонската песна надвор од границите на нашата држава, како најдобар амбасадор на својата татковина и на родниот град. Ѓорѓи никогаш не го заборави Прилеп. Иако поголемиот дел од својот живот го помина далеку од него, тој во Прилеп доаѓаше често. И секогаш со многу љубов и со радост во срцето. За Ѓорѓи, првата асоцијација за Прилеп беа младоста и луѓето. Велеше: „Прилепчани се еснаф луѓе. Во Прилеп никогаш човек нема да остане гладен или неспан. Луѓето се такви, гостопримливи“.  И како и за многу други работи, Ѓорѓи беше во право и кога тврдеше дека прилепчани си ги ценат уметниците.  Токму од тие причини, за сето она што во нивниот професионален животен век го направија за својот народ, за својата држава и за својот град, во 2018 година со одлука на општинскиот Совет, а по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти  ноември, на дуетот Кевсер Селимова- Ѓорѓи Желчески им беше доделена највисоката општинска награда – „Златна плакета“ за животно дело. Наградата им беше доделена за нивните достигнувања во промоција на македонската музика надвор од границите на нашата држава. Почивај во мир, драг наш Ѓорѓи.
Нека ти е вечна слава“.-  се вели во телеграмата на градоначланкот ,Јованоски .
Доделување на 3-то Ноемвриската награда 2018 г, за животно дело
Доделување на најпрестижната награда на Град Прилеп 2018 г,награда за живот дело

 

 

 

 

 

 

Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година но најголемиот дел од животот го поминал во Белград. Сопруга Кевсер Селимова, од скопски „Аеродром“ ја запознал на концерт во Титово Ужице во 1959 година, а музичкото партнерство го почнале две години подоцна. Ова на Желчески му отворило врати за нови ангажмани во Белград, каде што потоа и се преселил. (ВИДЕО ):

Видето е направено по повод доделени наградиа 3-ти Ноември, „Златна плакета“ за дуетот Селимова-Желчески- клкнете да го погледнете

Желчески и Селимова беа еден од најпознатите музички тандеми во поранешна Југославија, се венчаа во 1978 по 18 години врска, а во бракот ја добија и ќерката Ана.

Во 2013 година, во Домот на АРМ во Скопје одржаа концерт по повод 50 години заедничко творештво, а три години подоцна добија и Златна Бубамара за животно дело.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

Гордана Цветаноска

Црвеножолтата река го обиколи светот – НЕ за промена на името

Гордана Цветаноска

Кичевчани најдобри на турнирот во Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе